Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: ФФМ ги отфрли обвинувањата за наводни инциденти на натпреварите Вардар – Башкими и Шкендија Арачиново – Преспа
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > СПОРТ > ФФМ ги отфрли обвинувањата за наводни инциденти на натпреварите Вардар – Башкими и Шкендија Арачиново – Преспа
СПОРТ

ФФМ ги отфрли обвинувањата за наводни инциденти на натпреварите Вардар – Башкими и Шкендија Арачиново – Преспа

Објавено February 22, 2026 15:26
Сподели
Сподели

Фудбалската федерација на Македонија (ФФМ) најостро ги демантираше наводите изнесени во јавноста од новинарот Фуркан Салиу, поврзани со натпреварите Вардар – Башкими и Шкендија Арачиново – Преспа, оценувајќи дека станува збор за неточни информации и манипулации.

Од ФФМ истакнуваат дека ниту Федерацијата, ниту претседателот Масар Омерагиќ побарале или издале каква било наредба за отстранување на албански знамиња на натпреварот Шкендија Арачиново – Преспа. Според нив, ваквите тврдења се „целосно неточни“ и, како што велат, создаваат непостоечка политичка позадина.

Во однос на обвинувањата за наводна употреба на сила од страна на полицијата на натпреварот Вардар – Башкими, од Федерацијата категорично ги отфрлаат ваквите наводи. Тврдат дека припадниците на Министерството за внатрешни работи постапувале професионално и коректно, дури и во ситуации кога, како што наведуваат, биле изложени на вербални и физички напади.

ФФМ оценува дека обидите овие настани да се претстават како „употреба на сила“ се тенденциозни и злонамерни, додавајќи дека, според нив, пласирањето на непроверени информации создава непотребни тензии и поделби.

Од Федерацијата посочуваат дека нивните простории се отворени за увид во фактите и официјалната видео-документација, упатувајќи покана до новинарот Салиу директно да се запознае со сите релевантни информации.

ФФМ наведува дека нема намера да води јавни полемики, но предупредува дека доколку продолжат, како што велат, невистинитите и клеветнички наводи, ќе ги искористи сите расположливи правни механизми за заштита на угледот и интегритетот на Федерацијата.

„Новинарството подразбира одговорност, проверка на факти и професионален пристап“, порачуваат од ФФМ, оценувајќи дека во овој случај тие стандарди не биле испочитувани.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Ретки птици најдени угинати во Кавадаречко
Следна Статија Сообраќајот се одвива во зимски услови, без подолги задржувања на граничните премини

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

СПОРТ

Партизан го доби вечното дерби (ВИДЕО)

https://www.youtube.com/watch?v=y3ikhFnZ0qg Дерби дуелот од 35.коло од кошаркарската Евролига им припадна на кошаркарите на Партизан, кои славеа против соседот Црвена Звезда…

April 3, 2026
СПОРТ

Потпишан најголемиот договор во историјата на спортот

Хуан Сото и Њујорк Метс го потпишаа најголемиот договор во историјата на спортот. Хуан Сото договорил 15-годишен договор вреден 765…

December 9, 2024
СПОРТ

Мицкоски и Ристовски им посакаа среќа на македонските ракометари на СП

Претседателот на македонската влада Христијан Мицкоски и министерот за спорт Борко Ристовски, присуствуваа на подготовките на машката сениорска ракометна репрезентација.…

January 4, 2025
СПОРТ

Јамал повторно е најдобар млад играч во светот

На свечената церемонија во Париз за доделување на „Златната топка“, Ламин Јамал беше избран прв, во категоријата најдобар млад играч.…

September 22, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?