Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: ФФМ го поништи натпреварот Кожув – Башкими, дисциплинска постапка против двата клубови
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > СПОРТ > ФФМ го поништи натпреварот Кожув – Башкими, дисциплинска постапка против двата клубови
СПОРТ

ФФМ го поништи натпреварот Кожув – Башкими, дисциплинска постапка против двата клубови

Објавено May 16, 2025 20:09
Сподели
Сподели

Фудбалската федерација на Македонија (ФФМ) го поништи денеска натпреварот од 28 коло во Втората Македонска фудбалска лига меѓу Кожуф и Башкими од 6 мај.

Како што е соопштено, бодовите од натпреварот не се доделуваат на ниту една екипа, постигнатите голови не се евидентираат и не влегуваат во евиденција на дадени голови на фудбалерите.

„Комисијата, имајќи го предвид Правилникот за натпреварување, но и етичкиот аспект на случајот, со цел заштита на интегритетот на натпреварувањето и зачувување на угледот на фудбалот како спорт, ја донесе оваа одлука со која се настојува да се избегне какво било легитимирање на неспортски и неетички дејствија, кои се спротивни на вредностите на ФФМ“, се наведува во соопштението.

Дополнително, Дисциплинската комисија на ФФМ поведе дисциплински постапки за недозволено влијание на исход и тек на натпревар против спортскиот директор и шефот на стручниот штаб на Кожуф, Пепи Ѓоргиев и Славчо Ѓеоргиевски, а поведена е дисциплинска постапка и за двата клубови.

„Случајот не е затворен и Одделот за безбедност и интегритет продолжува со активна проверка на сите релевантни аспекти поврзани со натпреварот, поради основано сомнение за нарушување на интегритетот на натпреварот“, наведе ФФМ

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Кратко траеа преговорите меѓу Русија и Украина – барањата на Москва неприфатливи за Киев
Следна Статија Влада на Обединетото Кралство со соопштение за одлуката за стратешко партнерство со Македонија

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

СПОРТ

Дедото на Ноле е оставен од сите

Зденко Жагар дедото на Новак Ѓоковиќ живее во белградската населба Чукарица, истакна дека ретко го гледа семејството и често е…

February 10, 2025
СПОРТ

Алжирката (Алжирецот) боксер ќе тужи, ќе докажува дека е женско

 Олимписката шампионка во бокс Иманe Келиф изјави дека планира да ја тужи Меѓународната боксерска асоцијација (ИБА) поради наводите на организацијата…

February 12, 2025
СПОРТ

Му го уништи лицето на Донарума – не доби ни жолт картон (Фото и Видео)

Голманот на Пари Сен Жермен, Џанлуиџи Донарума нема по добро да го паменти дербито на францускиот шампионат против Монако. Италијанецот…

December 19, 2024
СПОРТ

Пешиќ: Време е за нов селектор

Иако по „шокантната“ елиминација во осминафиналето на Евробаскетот 2025 селекторот на Србија, Светислав Пешиќ изјави дека нема да поднесе оставка,…

September 13, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?