Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: ФФМ: Шкупи не обезбеди соодветен терен и нема да го игра натпреварот со Силекс
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > СПОРТ > ФФМ: Шкупи не обезбеди соодветен терен и нема да го игра натпреварот со Силекс
СПОРТ

ФФМ: Шкупи не обезбеди соодветен терен и нема да го игра натпреварот со Силекс

Објавено August 16, 2025 18:26
Сподели
Сподели

Натпреварот од 2. коло на Прва македонска фудбалска лига меѓу екипите на Шкупи и Силекс, закажан за утре во 17 часот, нема да биде одигран, соопшти Фудбалската федерација на Македонија (ФФМ).

Причината за неодигрување на натпреварот е необезбедување соодветен домашен терен од страна на клубот, домаќин.

Комисијата за натпревари на ФФМ на првиот нареден состанок ќе расправа за случајот и ќе донесе соодветни мерки согласно пропозициите за натпреварување.

– ФФМ во изминатиот период покажа целосно разбирање за ситуацијата во која се наоѓа клубот. Оставивме и повеќе од доволно време за да се пронајде соодветно решение. Направивме сè од своја страна, сите клубови да имаат регулирани услови на почетокот на сезоната. Но, доколку управата на клубот нема капацитет да ја извршува својата работа и обврски, тогаш одговорноста не може да биде префрлена на ФФМ, туку единствено на раководните лица на клубот.

Воедно, ФФМ укажува дека во изминатите денови, управата на ФК Шкупи неточно праќаше информации во „Куќа на фудбалот“ за четири различни стадиони на кои наводно ќе го одигра натпреварот, со што дополнително создаде погрешна слика за состојбата. ФФМ е должна да ги почитува пропишаните регулативи и тоа ќе го прави во целост. Се надеваме дека ФК Шкупи ќе ја надмине актуелната состојба и наскоро ќе создаде услови за нормално одвивање на натпреварите, стои во соопштението на ФФМ.

Евентуален службен пораз за Шкупи на два натпревара ќе значи и усклучување од ПМФЛ.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Хилари Клинтон: Трамп заслужува Нобелова награда ако ја запре војната во Украина без отстапување територии
Следна Статија Турски државјанин пoчинал во хотел на Бит Пазар

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

СПОРТ

(Видео) Оклахома ја освои НБА лигата – Шеј е МВП, Халибартон тешко се повреди

Кошаркарите на Оклахома Сити Тандер се новите шампиони на НБА. Оклахома ја победи Индијана со 103:91 во решавачкиот седми натпревар…

June 23, 2025
СПОРТ

Мурињо има здравствени проблеми, мора да оди на операција

Тренерот Фенербахче, Жозе Мурињо денеска ќе го напушти Истанбул за да ги реши здравствените проблеми со кои се соочувал одредено време. Информацијата…

December 21, 2024
СПОРТ

Дали навивачите на Интер се поврзани со италијанската мафија „Ндрангета“?

Симоне Инзаги, тренерот на италијанскиот фудбалски клуб Интер, дал изјава во полиција како дел од истрагата за врските меѓу навивачки…

October 10, 2024
СПОРТ

Ѓоковиќ го победи Лехечка, во четвртфиналето го чека Алкараз

Новак Ѓоковиќ се пласираше во четвртфиналето на Австралија опен. Таму противник ќе му биде Шпанецот Карлос Алкараз. Ѓоковиќ во три…

January 19, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?