Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Хаварија во Пинтија, од резервоар на приватен објект се излеале хемикалии
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > МАКЕДОНИЈА > Хаварија во Пинтија, од резервоар на приватен објект се излеале хемикалии
МАКЕДОНИЈА

Хаварија во Пинтија, од резервоар на приватен објект се излеале хемикалии

Објавено May 15, 2025 18:43
Сподели
Сподели

Во населбата Пинтија во Кисела Вода денеска од резервоар на објект на приватна компанија за производство на стиропор изграден во внатрешноста на населеното место, се излеале хемикалии користени во производствениот процес. На лице место се екипи на ТППЕ Скопје за изолирање на инцидентот, а инспекторите од Град Скопје веќе изготвиле записник за хаваријата.

Како што информира Град Скопје, за ваков тип хаварија, покрај паричната казна за сторителот од 45 000 евра, следи и затворање на погонот, како и налог за санирање на штетите предизвикани од инцидентот.

Град Скопје апелира Министерството за животна средина и просторно планирање (МЖСПП) и Општина Кисела Вода под чија надлежност е објектот да постапат согласно надлежностите.

-Со инспекциски извештај за извршен технички преглед на опрема под притисок каде со заклучок е нотирано дека на вентилот има знаци на протекување, правното лице „Екопор“ не преземало мерки да го спречи настанувањето на хаваријата на која сме сведоци денес. За овој објект кој е под надлежност на Општина Кисела Вода апелираме до Општината да постапи во рамки на своите надлежности, како и ресорното Министерство со цел санкционирање на правното лице кое ја предизвика хаваријата, наведува Град Скопје.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Назиф Дестани од „Еколог“ се откажа од „Еуромакс“– ги продал акциите
Следна Статија Зеленски: Моето доаѓање во Турција е јасна порака за Путин

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

МАКЕДОНИЈА

АВМУ: Непристојниот однос кон Јаневска е спротивен на новинарските стандарди

Во врска со непристојниот однос на новинарот Невриј Адеми кон министерката за образование и наука, Весна Јаневска, Агенцијата за аудио…

March 25, 2026
МАКЕДОНИЈА

Сиљановска-Давкова ги прими акредитивните писма на новоименуваниот амбасадор на Руската Федерација

Претседателката Гордана Сиљановска-Давков денеска ги прими акредитивните писма на новоименуваниот амбасадор на Руската Федерација, Дмитриј Константинович Зиков. Сиљановска-Давкова изрази уверување…

April 3, 2026
МАКЕДОНИЈА

Загадувањето на воздухот во делови од Скопје е пет пати над границата

Мерните станици низ Македонија синоќа забележаа дека најзагаден бил воздухот во делови од Скопје, односно во населбата Лисиче. Концентрацијата на…

November 8, 2024
МАКЕДОНИЈА

Мицкоски-Милановиќ: Стабилна и просперитетна Европа е невозможна без полноправно членство на целиот регион

Стабилна, просперитетна и интегрирана Европа е невозможна без полноправно членство на целиот регион, потенцираше премиерот Христијан Мицкоски по денешниот работен…

May 7, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?