Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Хамас ги предаде телата на двајца починати израелски заложници
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > СВЕТ > Хамас ги предаде телата на двајца починати израелски заложници
СВЕТ

Хамас ги предаде телата на двајца починати израелски заложници

Објавено October 13, 2025 20:24
Сподели
Сподели

Израелската армија денес објави дека Хамас му ги предал на Црвениот крст телата на двајца починати заложници кои претходно биле држени во Појасот Газа.

„Според Црвениот крст, два ковчега со починати заложници се предадени и се на пат кон израелските воени и разузнавачки сили во Појасот Газа“, објави армијата.

Во соопштението се вели и дека армијата очекува наскоро да предаде уште две тела.

Палестинскиот Хамас ги ослободи сите 20 израелски заложници од Газа

Палестинскиот Хамас денес ги ослободи сите 20 израелски заложници што ги држеше во Појасот Газа, објави израелската јавна служба, повикувајќи се на официјални извори.

Израелските власти претходно утрово објавија дека првите седум заложници, кои го преживеале киднапирањето од страна на Хамас, се ослободени.

Според јавната служба, преостанатите 13 се предадени на Црвениот крст во јужниот дел на Појасот Газа и се очекува наскоро да бидат преземени од израелската армија.

Вооруженото крило на Хамас рано утрово ги објави имињата на 20 израелски заложници што ги држеше во Појасот Газа.

Заложниците беа земени во јужен Израел за време на нападот на 7 октомври 2023 година.

Според договорот за прекин на огнот, беше договорено дека, во замена за ослободување на палестинските затвореници, Хамас ќе му ги предаде на Израел останките од заложниците кои не го преживеаа киднапирањето.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Спречен обид за убиство на девојка во Гевгелија, уапсен поранешниот партнер и уште едно лице?!
Следна Статија (Видео) Не помогна ниту евро голот на Барди – Казахстан однесе бод од Скопје

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

СВЕТ

(Видео) Нови детали за пукањето во САД: тинејџерка уби наставник и ученик, а потоа се самоубила

Во христијанското училиште Абндант Лајф во Медисон во американската држава Висконсин дошло до пукање во кое загинаа три лица, наставник,…

December 17, 2024
СВЕТ

(ВИДЕО) Беше страшно: Сведоштва од трагедијата во Кран Монтана

Стотици граѓани синоќа во тишина се собраа во Кран Монтана, полагајќи цвеќе и палејќи свеќи во спомен на жртвите од…

January 2, 2026
СВЕТ

Германска министерка се криела во бункер за време на руските напади врз Киев

Германската министерка за економија Катерина Рајхе, мораше да се засолни во бункер за време на руските воздушни напади врз украинскиот…

October 25, 2025
СВЕТ

Осомничениот за убиството на рускиот генерал Москалик тврди дека бил платен од Украина

Руските власти денеска соопштија дека осомничениот за убиството на рускиот генерал во Москва, Игнат Кузин признал дека го платила украинската…

April 27, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?