Воведувањето на роботите не беше импулсивна одлука, ниту маркетиншки потег, туку дел од нашата долгорочна стратегија за модернизација на управувањето со објекти во Македонија, вели во интервју за порталот Фактор Стефан Ханџиски, директор на Asura Group Македонија.
Асура Груп започна со употреба на автономни роботи за хигиена – први во Македонија. Што ве водеше кон оваа одлука?
Ханџиски: Воведувањето на роботите не беше импулсивна одлука, ниту маркетиншки потег, туку дел од нашата долгорочна стратегија за модернизација на управувањето со објекти во Македонија. Како компанија што 17 години е присутна на пазарот и работи во шест држави, ние постојано ги следиме најнапредните светски решенија за да можеме да понудиме сигурна, професионална и висококвалитетна услуга.
Одржувањето на големи комплекси денес е многу посложено отколку пред една деценија. Објекти со 30.000–60.000 м², голема фреквенција на посетители, работа 365 дена — тоа бара сосема поинаков, технолошки напреден пристап.
Кога ја видовме Gausium технологијата — која се користи на аеродромите Хитроу во Лондон, во Сингапур, Рим, Болоња, на локации во САД, Канада и Скандинавија — знаевме дека ова е решението што може да ја трансформира индустријата. Не сакавме да чекаме некој друг да ја донесе оваа модернизација. Сакавме ние да го поставиме стандардот.

Кои роботи се користат моментално и каде?
Ханџиски: Во моментов користиме три Gausium роботи, и сите се поставени во East Gate Mall, каде покриваме огромни површини, Scrubber 50 (приземје)– покрива околу 6.500 м², Scrubber 50 (прв кат)– повторно околу 6.500 м² и Scrubber 75 (две нивоа на гаража)– секое од по околу 25.000 м²
Scrubber 75 е посебно импресивен, затоа што е дизајниран за големи индустриски и гаражни простори. Тој буквално може да работи со часови без прекин, и да покрива површини што некогаш бараа по неколку работници и повеќе сменски часови.
Ова е технологија која ги исполнува европските стандарди за безбедност, навигација и квалитет. Со нив успеваме да одржуваме огромни површини со исклучителна прецизност, без застои и без ризик за посетителите.

Какви придобивки носи технологијата во секојдневната работа?
Ханџиски: Најголемиот ефект се гледа во три сегменти:квалитет, ефикасност и транспарентност.Роботите работат со прецизност што не зависи од умор, различни техники на чистење или промени во екипите. Тоа ни овозможува стандарден, предвидлив и повторлив квалитет секој ден.
Чистат со алгоритамски определена рута, со рамномерна брзина и притисок, што резултира со многу повисоко ниво на хигиена.Еден Scrubber 50 чисти околу 1.500 м² на час.Ако го споредиме тоа со класични машини, разликата е огромна.Дополнително, потрошувачката на вода и хемии е намалена до70%, што има финансиски, но и еколошки бенефит.Секој робот испраќадневни извештаи, рута на движење, време на работа, постигнати резултати, статус на батерија, евиденција на евентуални грешки. Ова е револуционерен момент и управителите конечно имаат реални податоци, а не само човечки проценки. Тоа ја прави услугата многу постручна и мерлива.
Ханџиски: Ова е чувствителна тема, но реалноста е многу поедноставна: роботите не заменуваат луѓе — тие ги надополнуваат. Она што се менува ераспределбата на задачите.
Роботите ја преземаат тешката и повторувачка работа – големи рамни површини, километри ходници, нивоа на гаражи.
Вработените потоа се ослободуваат да се фокусираат надетали, специфични површини, зони со чувствителна опрема, делови што бараат вештина и човечка проценка
Ова создава подобра работна средина, поголема безбедност и, најважно, многу поголем квалитет на услуга.
Дали оваа технологија може да се примени и во други типови на објекти?
Ханџиски: Апсолутно да — и тоа е една од главните придобивки.Ова не е технологија дизајнирана само за молови.Таа е наменета зафабрики и производствени хали, логистички и дистрибутивни центри, индустриски комплекси, големи канцелариски објекти, подземни гаражи, аеродроми, трговски и јавни институции

Какви се реакциите од партнерите и управителите на објектите?
Ханџиски: Реакциите се одлични. Иако на почетокот постоеше резервираност кон нова технологија, роботите многу брзо ја добија довербата на партнерите, односно кога ќе се види како роботот работи во реални услови, перцепцијата веднаш се менува.Партнерите најмногу ги ценат следниве работи, односно тоа што роботот работи исто добро во 8:00 и во 22:00, нема паузи, не создава застои во објектот и секој ден добиваат извештај за ефектотОва значи дека управителите конечно можат да планираат, да мерат и да контролираат процес што порано зависеше само од човечки фактор.
Имате присуство во шест држави. Што следува регионално?
Ханџиски: Оваа технологија што ја воведовме во Македонија е само првиот чекор.Планот ни е постепено да ја имплементираме во сите држави каде што работиме, но на начин кој е прилагоден на локалните потреби.Веќе добиваме интерес од фабрики, од логистички компании и од големи деловни комплекси. Но сакаме прво да ја презентираме технологијата транспарентно и јасно — што прави, како функционира, колку чини во одржување, кои се резултатите.Во следните 12 месеци очекуваме да ја прошириме примена на минимум уште неколку објекти во регионот.
Како ја гледате иднината на индустријата со вакви технологии?
Ханџиски: Верувам дека ова е само почеток.Во следните 5 години, Facility Management ќе се трансформира од основна услуга во технолошки управувана индустрија.Ќе има повеќеавтоматизација, дигитални системи, алатки за управување со енергија, софтвер за предвидливо одржувањеА луѓето ќе бидат клучниот дел што управува со технологијата, наместо да ја врши целата физичка работа.
Asura Group сака да биде лидер во таа промена. Нашата цел не е само да ја следиме европската индустрија, туку да ја донесеме овде. И тоа веќе го правиме.
Извор: Фактор.мк