Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Херојот од Палермо верува во ново чудо
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > СПОРТ > Херојот од Палермо верува во ново чудо
СПОРТ

Херојот од Палермо верува во ново чудо

Објавено March 23, 2026 18:39
Сподели
Сподели

Македонската фудбалска репрезентација втор ден во Скопје се подготвува за првиот плејоф натпревар против Данска за пласман на Светското првенство. Нашиот репрезентативец, Александар Трајковски потенцира дека тимот мора максимално сериозно да пристапи на дуелот.

Трајковски, кој пред четири години во Палермо го постигна историскиот гол против Италија за пласман во финалето за СП 2022, верува дека новата енергија во тимот може да донесе позитивен резултат.

– Со нов селектор доаѓа нова енергија и нова визија. Мислам дека добро ќе се подготвиме за овој натпревар. Вчера првпат се приклучив и навистина видов одлична атмосфера и квалитетен тренинг. Ако продолжиме вака, ќе бидеме максимално подготвени, изјави Трајковски.

Тој нагласи дека фокусот и концентрацијата ќе бидат клучни против силниот противник.

– Данска можеби е фаворит на хартија, но ние сме покажале дека можеме да играме против секого. Верувам во оваа екипа. Изјавите од нивна страна може само дополнително да нè мотивираат, вели Трајковски.

Не крие дека овој натпревар има посебно значење за него.

– Искрено, ова е еден од најважните натпревари во мојата кариера на репрезентативен план. Нема поубаво чувство од победа во вакви моменти и можност да се бориш за пласман на Светско првенство. Се надевам дека ќе успееме да го повториме успехот од Палермо.

Натпреварот е закажан за 26 март во Копенхаген со почеток во 20:45 часот.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Реконструкција на Владата во мај или јуни, најави Мицкоски
Следна Статија Ангажирани уште двајца пилоти за гаснење пожари

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

СПОРТ

Каков меч во Неапол, кој не гледаше може да жали

Тренерот на Рома, Џан Пјеро Гасперини, го коментираше ремито 2:2 со Наполи во гостувањето синоќа во 25. коло од Италијанското…

February 16, 2026
СПОРТ

Винисиус одбил да потпише нов договор

Винисиус (24) ја одбил понудата на Реал Мадрид за продолжување на договорот, иако клубот му понуди покачување на сегашната плата…

February 8, 2025
СПОРТ

Статистиката покажува дека „Кралевите“ не се фаворизирани од судиите

– Реал Мадрид ќе поднесе жалба за суспензијата на играчот од средниот ред Федерико Валверде по неговото исклучување во 29. коло…

March 23, 2026
СПОРТ

НФЛ Дивизиска рунда: Најголемото непосредно прашање за тимовите кои напредуваат и испаднаа од плеј-офот

Во ова издание на Првото читање, Џефри Чадиха открива најитното прашање за секој од НФЛ тимовите кои напредаа во Дивизиската…

January 13, 2026
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?