Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Хибридниот напад од странски центри е смешно алиби за неспособност на Мицкоски, вели Филипче
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > ПОЛИТИКА > Хибридниот напад од странски центри е смешно алиби за неспособност на Мицкоски, вели Филипче
ПОЛИТИКА

Хибридниот напад од странски центри е смешно алиби за неспособност на Мицкоски, вели Филипче

Објавено September 15, 2025 13:22
Сподели
Сподели

Претседателот на СДСМ, д-р Венко Филипче, денеска силно ги нападна изјавите на премиерот Мицкоски дека државата била цел на хибриден напад организиран од странски центри на моќ. Тој предупреди дека ова е злоупотреба на безбедносната сфера во државата од страна на врвот на власта.

Мислам дека ниту еден премиер до сега не се осмелил вака да ја потресе ситуацијата во однос на безбедносната сфера на земјата, ниту пак да ги злоупотребува безбедносните инструменти во земјата“, истакна претседателот на СДСМ.

Филипче истакна дека ако изјавите на Мицкоски за хибридни напади биле точни, институциите морале веднаш да реагираат.

„Ако беше така како што кажува премиерот, ако навистина сме под напад или закана на некои хибридни напади или некои странски центри на моќ, тогаш прво, требаше да заседава Советот за безбедност, требаше на терен да излезе Армијата, требаше на терен и во јавност да излезе Министерот за одбрана, требаше да се активираат сите безбедносни служби во државата, требаше да се извести НАТО како наш стратешки партнер. Ништо од тоа не се случува“, посочи тој.

Според него, власта на ВМРО-ДПМНЕ нема понудено ниту едно вистинско решение за ниту еден проблем.

„Од оваа влада не видовме ниту едно решење на ниту еден проблем, ниту едно предлог-решение на овие сериозни проблеми кои што се напластуваат изминатите година и пол, како ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата е на власт“, додаде тој.

Заклучи дека целата нарација на премиерот е „пиаровска драма“ со која се покрива неспособноста на власта да реагира во кризни ситуации.

„Сето ова, на што премиерот се вади, е практично само една пиаровска драма. Нема никаква акција да се решат проблемите и ова е навистина доказ за едно дилетантско водење на државата. Практично, овој тим нема капацитет државата да ја води како што треба“, изјави Венко Филипче.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Влен“: Министерот на ДУИ, Насер Нуредини, ја дал дозволата на складиштето во Трубарево
Следна Статија Пожарот во Трубарево е целосно изгаснат, значително подобрена и состојбата во Дрисла

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

ПОЛИТИКА

Мицкоски: На овие избори народот одлучува и никој друг

На овие избори народот одлучува и никој друг. На Македонија и треба коалиција за работа и иднина, истакна претседателот на…

October 1, 2025
ПОЛИТИКА

Лукровски назначил заменик, не поднел оставка туку бил на боледување

„Општина Карпош ги демантира наводите дека градоначалникот Сотир Лукровски си има поднесено оставка. Тој во овој момент користи боледување и…

May 8, 2026
ПОЛИТИКА

Филипче: Мицкоски сака свое судство

На трибина во општина Гази Баба, претседателот на СДСМ Венко Филипче ја обвини власта и лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски,…

October 11, 2025
ПОЛИТИКА

(ВИДЕО) Манасиевски: Весна Дамева сопре постапка за Наќе Ѓорѓиев да стане член на Судски Совет

Недовербата на граѓаните кон правосудниот систем, се должи на поединци во правосудството кои се ставени под хипотеки на други поединци…

November 26, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?