Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Хрватска донесе закон против дивеењето на цените: Казни до 30.000 евра
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > БАЛКАН > Хрватска донесе закон против дивеењето на цените: Казни до 30.000 евра
БАЛКАН

Хрватска донесе закон против дивеењето на цените: Казни до 30.000 евра

Објавено February 21, 2025 18:06
Сподели
Сподели

Хрватскиот Сабор денеска го донесе Законот за вонредни мерки за контрола на цените, кој со објавување на цените на интернет треба да го заштити стандардот на граѓаните од инфлација и да обезбеди брза реакција на нарушувањата на пазарот.

Согласно овој закон, трговците ќе имаат обврска редовно да ги објавуваат и ажурираат цените на сите нивни производи на интернет страниците и на клиентите да им овозможат непречен пристап до дигитални алатки кои нудат можност за споредување на цените во реално време.

Секој продавач ќе мора, заедно со моменталната малопродажна цена, јасно да ја наведе претходната малопродажна цена на производот од одреден период или одреден ден. Ова ќе овозможи полесно следење на промените на цените и транспарентно информирање на потрошувачите.

Законот, кој стапува на сила првиот ден по објавувањето во Службен весник, пропишува и ограничувања на цените за клучните производи и услуги, како и јасно означување на производите со ограничени цени.

Тоа значи дека трговецот мора да истакне визуелни знаци на производите чија цена е регулирана, а во продавниците со повеќе од 400 квадратни метри да обезбеди посебни продажни места за тие производи.

За непочитување на законот, на трговците им се закануваат казни од 3.000 до 30.000 евра, а законот предвидува и конфискација на имотната корист остварена со прекршокот, јавува ХРТ.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Руски државјанин со чеченско потекло планирал терористички напад во Берлин
Следна Статија Трамп: Зеленски не е толку важен за да учествува во преговорите

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

БАЛКАН

Ова се новите цени за туристичка такса во Грција

Доколку планирате да патувате во Грција ова лето, имајте предвид дека стапија на сила нови правила, кои го менуваат сегашниот…

May 12, 2025
БАЛКАН

(ВИДЕО) Богати странци плаќале по 80.000 фунти за „сафари викенд“ за да убиваат цивили за време на опсадата на Сараево

Италија истражува наводи дека „воени туристи“ им плаќале на српските сили да убиваат Босанци „за забава“ – а неколку се…

November 15, 2025
БАЛКАН

Високиот претставник во БиХ кој побара да се осуди Додик има плата од 24.000 евра месечно и никаде не плаќа данок

Денеска беше изречена пресудата за претседателот на Република Српска Милорад Додик за т.н непочитување на одлуките на Уставниот суд на…

February 26, 2025
БАЛКАН

(Видео) Нова снимка од пресметката пред РТС: полицаецот бил удрен од колега, а не од студенти, објави српски медиум

На социјалните мрежи е споделено ново видео кое е снимено за време на синоќешната пресметка меѓу студентите и полицијата пред…

March 11, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?