Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Хрватска ТикТокерка шокирана од цените: 30 евра за една топка сладолед
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > ЗАБАВА > Хрватска ТикТокерка шокирана од цените: 30 евра за една топка сладолед
ЗАБАВА

Хрватска ТикТокерка шокирана од цените: 30 евра за една топка сладолед

Објавено June 23, 2025 08:58
Сподели
Сподели

Популарната хрватска ТикТокерка Нина Скочак го сподели своето прво искуство од престојот на шпанскиот остров Ибица, а видеото брзо стана вирално поради – неверојатно високите цени. „Ова е шок“, вели Нина во клипот објавен на Instagram, во кој открива дека една топка сладолед на Ибица чини дури 30 евра, а шише вода 15 евра.

„Одсекогаш сакав барем еднаш во животот да ја посетам Ибица. Но, никогаш не очекував ваков финансиски шок“, вели таа додека се шета низ улиците на островот.

Нина со пријателите го посетила и познатиот клуб Ushuaïa, каде што за влезница платиле 130 евра. „Водата во клубот е поскапа од коктел. За 15 евра, подобро да се напиеш алкохол отколку вода“, раскажува Нина.

Цените се шокантни и во другите делови од островот: лежалки на плажа чинат околу 100 евра, оброк во ресторан 100 евра по лице, паела за двајца 90 евра, а дури и поскромните ресторани не се под 50 евра. Изнајмувањето автомобил е околу 100 евра на ден, а Нина откри дека нивниот автомобил се расипал само еден час по преземањето.

Најскапо искуство, сепак, било посетата на кабаре каде што – како што вели – „само една топка сладолед чинеше 30 евра“.

И покрај сè, Нина признава дека не се кае: „Ибица ме фасцинираше. Дефинитивно би се вратила повторно“.

На социјалните мрежи реакциите беа поделени – дел ја поддржаа нејзината искреност, а други ја обвинија за „снобизам“ и „живот без допир со реалноста“.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Кевин Дурент во Хјустон Рокетс
Следна Статија Македонската влада во преговори со Ryanair за можно влегување на нискобуџетниот превозник на пазарот

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

ЗАБАВА

Еди Рама во Скопје доследен на својот моден стил

Премиерот Еди Рама е во Скопје на средба со лидерите на Западниот Балкан. Тој пристигна во својот карактеристичен моден стил…

June 30, 2025
ЗАБАВА

Google апликацијата има поголема икона на Android

Верзијата бета 17.0 на Google апликацијата носи зголемена големина на апликациската икона

January 7, 2026
ЗАБАВА

Луѓето од овие професии имаат најмногу секс

Дали знаевте дека работата што ја работите влијае на зачестеноста на сексот Британско истражување на компанијата „Лело“ – производител на…

December 11, 2024
ЗАБАВА

Некрстени денови: Народни обичаи и верувања – еве што никако не смеете да правите од Божиќ до Водици!

Од Божиќ, па се до Богојавление (Водици) се некрстените денови, кога по земјата шетаат духови, лоши сили и демони: караконџоли, тарамбаба,…

January 10, 2026
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?