Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Царината заплени тутунски производи, автоделови, ветеринарни лекови, девизи, облека
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > ХРОНИКА > Царината заплени тутунски производи, автоделови, ветеринарни лекови, девизи, облека
ХРОНИКА

Царината заплени тутунски производи, автоделови, ветеринарни лекови, девизи, облека

Објавено May 21, 2025 11:06
Сподели
Сподели

Во текот на минатата недела, царинските службеници открија повеќе обиди за криумчарење разна стока, при што привремено се задржани цигари, никотински ќесички, електронски цигари, тутун, автоделови, лекови за животни, облека, украсни производи, производи за сценски ефекти, девизи и фалсификати.

Во контроли на влез во државата на граничен премин Богородица, Табановце како и во внатрешноста на државата, спречени се обиди за криумчарење тутун, при што запленети се 53 штеки цигари, 19 килограми режан тутун, како и 480 никотински ќесички, за коишто сторителите требало да платат вкупни давачки од 355 илјади денари.

Во два одвоени случаи, при контрола на два камиони пријавени за влез во државата на граничниот премин Богородица откриени се 24 штеки цигари без акцизни маркички.

  • Во првиот случај, под тапацирите во кабината на камион со бугарски регистарски таблички кој бил управуван од македонски државјанин, пронајдени се 12 штеки цигари.
  • Во вториот случај, во две ќеси сместени во просторот кај моторот на влекач со македонски регистарски таблички, управуван од македонски државјанин, пронајдени се 12 штеки цигари.

На влез во држвава на граничниот премин Табановце во патничко комбе управувано од страна на македонски државјанин пронајдени се 480 никотински ќесички од 14 гр од 13 гр, како и 120 електронски цигари со никотин од 50 мг.

Мобилни царински тимови на влез во држвава на граничниот премин Богородица запленија 20 штеки цигари без акцизни маркички. Цигарите се пронајдени сокриени во фабричка празнина позади управувачката табла и во преграда за алат под долниот кревет во кабината на камион.

На граничниот премин Богородица од страна на Службата за мобилни скенери во фабричка празнина во горниот дел на кабината на влекач со македонски регистарски таблички откриени се 9 штеки цигари без акцизни маркички.

Мобилен царински тим во соработка со полициски службеници заплени околу 19 килограми режан тутун, пронајден при контрола на автомобил во близина на Арачиново. Против сторителот ќе биде поведена соодветна постапка пред надлежен суд.

60 литри моторно масло и 20 филтри за возила се пронајдени во неколку картонски кутии и две ќеси сместени во багажникот и на задното седиште на автомобил кој се пријавил за влез во државата на граничниот премин Дојран.

Царински службеници на граничен премин Дојран во соработка со припадници на граничната полиција Frontex спречија обид за шверц на 94 парчиња облека. Стоката е пронајдена при контрола на автомобил кој се пријавил за влез во државава на граничниот премин. Истата сторителот ја сокрил на повеќе места – кај резервната гума, кај моторот, под задните и предните седишта, под патосниците и во багажниот простор. Непријавената облека е запленета, а против сторителот ќе биде поведена соодветна постапка.

Мобилен царински тим при контрола на автомобил што го управувал турски државјанин на граничен премин Блаце откри непријавени 93 разни производи меѓу кои уметнички слики, украси обувки и производи за домаќинство.

Производи за сценски ефекти (100 пакувања од 200 грама композитен титаниум за сценски ефект и 144 садови со течност за огнен ефект) се пронајдени при контрола на збирна стока која била со потекло од Кина, а наменета за увозник од Скопје. Стоката била пријавена за увозно царинење во царинската испостава Гевгелија и истата не била опфатена во царинските документи.

Од страна на царински службеници на граничниот премин Блато под седиштата на автомобил со македонски регистарски таблички со кој македонски државјанин се пријавил за влез во државата откриени се 20 вакцини за животни Poliovin од 100 ml за кои е потребна дозвола за увоз.

Мобилен царински тим при личен претрес на патник, македонски државјанин, откри 5.200 евра што истиот сакал нелегално да ги изнесе од државата преку граничен премин Богородица. Патникот со себе носел 7.200 евра, при што вратени му се 2 илјади евра, износ што резидент може слободно да го изнесе од државата, додека останатите девизи во износ од 5.200 евра се привремено задржани.

348 парчиња детски играчки (возила, топки и ракавици) со ознаки на заштитени трговски марки се задржани поради сомневање дека повредуваат права од интелектуална сопственост. Стоката е откриена од страна на мобилните царински тимови при контрола на камион натоварен со стока со потекло од Кина, а наменета за увозник од Струмица, пријавен за влез во државата на граничниот премин Богородица.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија АРМ и НАТО подготвени: Борбени хеликоптери „APACHE“, тенкови Леопард и вооружување дел од големата мултинационална вежба на Криволак
Следна Статија СДСМ: Зошто Мицкоски одбива да каже дека нема да се примаат мигранти?

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

ХРОНИКА

Тројца осомничени за пожарот во Кочани одат во куќен притвор, за 14 лица одбиени се жалбите

Постапувајќи по поднесени жалби од вкупно 17 осомничени, Основниот суд Кочани ги одби жалбите на 14 лица и ја потврди…

March 26, 2025
ХРОНИКА

Охриѓанец си ги убил жената и бебето во Швајцарија!

30-годишна жена, македонска државјанка и нејзиното шестнеделно бебе биле убиени во саботата од нејзиниот 43-годишен сопруг, кој во земјата престојувал со бугарски…

July 7, 2025
ХРОНИКА

ОДЗЕМЕНИ ИМ СЕ ПАСОШИТЕ: Мерки за претпазливост за четири лица во случајот Лотарија

Судија на претходна постапка при Основниот кривичен суд Скопје, постапувајќи по предлог на Основното јавно обвинителство, одреди мерки за претпазливост…

December 17, 2024
ХРОНИКА

Од затвор телефонски измамил угостители во Гевгелија

СВР Струмица – ОВР Гевгелија до Гевгелија поднесе кривична пријава против И.П.(45) од Гевгелија поради постоење основи на сомнение за…

December 25, 2024
Trending

Technology

  • Innovate
  • Gadget
  • PC hardware
  • Review
  • Software

Health

  • Medicine
  • Children
  • Coronavirus
  • Nutrition
  • Disease

Culture

  • Stars
  • Screen
  • Culture
  • Media
  • Videos

More

  • ХОРОСКОП
  • СВЕТ
  • ЗДРАВЈЕ
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?