Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Царинска управа: Вратени 69 камиони поради несоодветен сертификат за возач
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > МАКЕДОНИЈА > Царинска управа: Вратени 69 камиони поради несоодветен сертификат за возач
МАКЕДОНИЈА

Царинска управа: Вратени 69 камиони поради несоодветен сертификат за возач

Објавено March 25, 2025 10:31
Сподели
Сподели

Царинската управа за една недела извршила 8.181 контрола на лиценци за вршење јавен превоз, сертификати на возачи, како и дозволи за превоз кои треба да ги поседуваат товарните моторни возила и автобусите во меѓународниот патен сообраќај.

Како што соопшти денеска Царинската управа, во четири случаи се утврдени неправилности во делот на лиценците, од коишто за три се водат  предкривични постапки од страна на Секторот за контрола и истраги, а во 69 случаи камионите се вратени назад поради утврдени неправилности во делот на серфитикатите за професионална компетентност на возач.

– Неправилностите во делот на лиценците за вршење јавен превоз во меѓународен патен сообраќај, се откриени при контроли во царинска испостава Блаце, Богородица и Ново село. Во три од случаите кои се откриени во Ново Село и Богородица во моментов се води предкривична постапка од страна на Секторот за контрола и истраги, а поради постоење основано сомневање дека е сторено кривично дело фалсификување на исправа или вршење јавен превоз без поседување лиценца казниво по Кривичниот законик. Во случајот откриен на царинска испостава Блаце на излез од државата правното и физичкото лице се казнети од страна на државниот инспекторат за транспорт заради прекршување на Законот за превоз во патниот сообраќај, а возилото е отстрането од сообраќај со земање на дозволата, се наведува во соопштението.

Царинската управа информира дека изминатиот месец Секторот за контрола и истраги поднел три кривични пријави до Основно јавно обвинителство Гевгелија заради фалсификување лиценци за вршење превоз на стока во меѓународен патен сообраќај.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Приведени сопругата и ќерката на сопственикот на дискотеката „Пулс“ во Кочани
Следна Статија Таравари: Го ризикуваше сопствениот живот за да спаси други, Јован е херој на цела држава и симбол за човечност

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

МАКЕДОНИЈА

Сиљановска-Давкова ги потпиша указите за отповикување на девет амбасадори од должноста

Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова ги потпиша указите со кои се отповикуваат осум амбасадори од должноста, бидејќи заминале на тие позиции без…

March 10, 2025
МАКЕДОНИЈА

(ВИДЕО) Стефковски: Фатени и санкционирани граѓани кои ја злоупотребуваат водата

Секторот за инспекција при Општина Гази Баба продолжува со вонредни инспекциски контроли во населените места Црешево, Булачани, Раштак и Смилковци,…

July 18, 2025
МАКЕДОНИЈА

Вкупно пет пожари на отворен простор

На територијата на државата денеска до 12:30 часот имало вкупно пет пожари на отворен простор, од кои два се изгаснати,…

August 9, 2025
МАКЕДОНИЈА

СОЗР: Сервисирани се и оперативни сите лифтови во зградата на МТВ

Службата за општи и заеднички работи на Владата (СОЗР) ги сервисираше и стави во целосна функција сите четири лифтови во…

April 7, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?