Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Цветановски: Изјавите на Кадриу го потврдуваат она што го видов во предметите од СЈО
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > МАКЕДОНИЈА > Цветановски: Изјавите на Кадриу го потврдуваат она што го видов во предметите од СЈО
МАКЕДОНИЈА

Цветановски: Изјавите на Кадриу го потврдуваат она што го видов во предметите од СЈО

Објавено February 11, 2026 19:12
Сподели
Сподели

Изјавите на поранешната обвинителка од СЈО Лејла Кадриу дека во институцијата постоеле сериозни проблеми и постапувања зад затворени врати, не се изненадување за правосудната фела, вели за Република обвинителот Јово Цветановски, кој тврди дека лично се соочил со последици токму поради предмети што потекнуваат од СЈО.

„Можеби за дел од јавноста изјавите на колешката Кадриу беа изненадување, но сигурен сум дека за правосудната фела, особено моите колеги обвинители, не. Кадриу само го потврди тоа што потајно се шпекулираше за случувањата зад затворени врати во СЈО. Сега тоа не се шпекулации, туку потврдување од сведок кој лично ги увидел состојбите“, вели Цветановски.

Констатирав сериозни процесни пропусти

Како јавен обвинител во Вишото јавно обвинителство Скопје, постапувајќи во втор степен по жалби во предмети на СЈО, Цветановски вели дека имал увид во повеќе нивни обвиненија.

„Во сите предметни обвиненија констатирани се голем број процесни пропусти – поднесени обвиненија со слаб корпус на докази, потпирајќи се само на незаконито прислушкуваните материјали, но и други недостатоци. Тоа беше презентирано пред Апелациониот суд на јавни седници и расправи, а согласно внатрешните процедури изготвени се службени материјали доставени во Републичкото јавно обвинителство“, наведува тој.

Предметите останаа кај истите обвинители

Според Цветановски, по згаснувањето на СЈО не била извршена комплетна ревизија на сите предмети.

„Предметите ги презедоа скоро истите јавни обвинители кои ги обработувале и во СЈО. Од тие причини во тој момент немало притисоци врз други обвинители, бидејќи немале контакт со тие предмети.“

Сепак, тој тврди дека притисокот бил насочен лично кон него.

„Единствениот притисок кој е направен од страна на обвинителството е врз мене, бидејќи институционално укажував на квалитетот на предметите. Можев да ја задржам комфорната зона и да ги оставам предметите на времето на заборав, но тоа не го направив.“

Од ‘Бонусите’ почна институционалниот притисок

Клучниот момент, според него, е предметот „Бонусите на СЈО“.

„Од тој предмет започна институционалниот притисок против мене. Од денешна гледна точка можам да заклучам дека сето тоа е сработено филигрански прецизно, сценарио кое требаше лично мене да ме компромитира и трајно да ме отстрани од обвинителската работа.“

Тој тврди дека од него било побарано да донесе одлука во насока на потврдување на првостепеното решение за отфрлање на кривичната пријава против обвинители од СЈО, а откако донел спротивна одлука и го укинал решението на ОЈО за ГОКК, бил инициран надзор и дисциплинска постапка.

Заканите и надзорот

Цветановски вели дека на 19 септември првично биле упатени закани кон неговиот колега Мустафа Хајрулахи, кои истиот ден му биле пренесени и нему.

Надзорот, според него, бил покренат на 8 октомври 2024 година, по што на 3 декември 2024 година дел од извештајот бил јавно објавен со најави за дисциплинска постапка, иако официјално бил доставен до ВЈО Скопје на 4 ноември 2024 година.

„Со тоа беше нарушен принципот на тајност на дисциплинските постапки“, вели Цветановски.

Тој дополнително наведува дека во одлуката за надзор бил определен рок од 30 дена, кој не бил испочитуван, спротивно на член 11 од Правилникот за вршење надзор. Извештајот, според него, не бил доставен согласно пропишаната процедура, со што му било ускратено правото да одговори на забелешките.

Дополнително, надзорот го оценува како „ад хок постапка“, спротивна на член 5 од Правилникот, бидејќи немало континуитет на надзори во претходните пет години.

Судир на интереси

Цветановски тврди дека надзорот бил компромитиран поради составот на комисијата. Посочува дека обвинителката Лиле Стефанова, која претходно постапувала во предмети од СЈО, учествувала во надзорот, иако во предметот „Бонусите“ имала статус на осомничена.

Самиот факт дека Стефанова учествуваше го вршење на надзорот, целиот процес веќе беше комромитиран бидејќи постоеа очигледни причини за сомневање за нејзино непристрано постапување, од една страна како јавен обвинител има непосреден и посреден личен интерес во конкретниот предмет, а тоа се бонусите за СЈО во кои јас постапувам и се утврени факти за нивно незаконито делење на дополнителни бонуси, таканаречени за тајност, но и во предметот за Поштански банки, каде целта ѝ е да се заштити и го прикрие нејзиното незаконито постапување во текот на првостепената постапка по предметот Поштенски банки.

Дополнително го споменува и обвинителот Елвин Вели, кој претходно бил дел од Вишото јавно обвинителство Скопје и бил запознаен со предметите.

„Како може да се очекува квалитетна контрола ако надзорот се врши од обвинител кој учествувал во нивното формирање и застапување? Врана на врана очи не си вади“, вели тој.

Кривична пријава и „враќање во едноумие

Цветановски информира дека поднел кривична пријава против републичкиот јавен обвинител Љупчо Коцевски, тврдејќи дека во процесот биле прекршени законските одредби и загрозена независноста на обвинителската функција.

„Коцевски грубо користејќи ја својата позиција проба да нарача одлука и подоцна се потруди да нè казни затоа што не постапивме по неговото барање. Тоа е систем кој мислев дека е заборавен и се користеше во едно бившо време, во кое владееше едноумие“, вели Цветановски.

Ревизија требаше уште кога згасна СЈО

Како заклучок, Цветановски вели дека уште при згаснувањето на СЈО требало да се направи комплетна ревизија на сите предмети и административни акти.

Првата реакција е пропуштена , а тоа е моментот кога и згаснува СЈО како институција заради корупција на првиот човек, од тој момент пред да се преземаат предметите во редовносто обвинителство, било потребно да се изврши комлетна ревизија на сите предмети, но и на сите управни акти и административно работење. Таквиот пристап ќе овозможел да се утврдат дали СЈО работело законито, професионално и независно, но сепак и од оваа временска дистанца не е касно, можност која ќе може да искористи новиот државен јавен обвинител. Јавниот обвинител со својата работа не смее да продуцира правна несигурност, туку напротив со својата работа да биде гарант за една правна држава во која секој граѓанин ќе биде сигурен во неселективна правда – вели Цветановски.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Легендарната Моника Селеш се бори со тешка болест
Следна Статија Eве колкави се премиите за медал на ЗОИ

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

МАКЕДОНИЈА

Љутков од Крушево: Нашата држава секогаш ќе го негува споменот на Тоше

Министерот за култура и туризам Зоран Љутков денеска го посети Крушево градот каде со пригодна програма под наслов „Ангел си…

January 25, 2025
МАКЕДОНИЈА

Лидерите на Западен Балкан ќе се сретнат в понеделник во Драч на самитот на иницијативата Брдо-Бриони

Лидерите на Западен Балкан, меѓу кои и македонската претседателка Гордана Сиљановска Давкова, ќе се сретнат в понеделник во Драч на…

October 4, 2025
МАКЕДОНИЈА

Скопје вчера беше трет најтопол град во Европа

Скопје вчера се најде на третото место на листата на најтопли градови во Европа, со измерени 41,7 степени Целзиусови во…

June 28, 2025
МАКЕДОНИЈА

На Попова Шапка 64 сантиметри снег, во Маврово 57, а во Крушево 36

Најмногу снег во изминатото деноноќие наврна на Попова Шапка 64 сантиметри, во Маврови Анови снежната покривка е 57, во Круешево…

January 13, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?