Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Цветановски: Се бараше изземање на обвинителот Пеливанов за пораките со Гури, Дисциплинската Комисија не е блокирана
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > МАКЕДОНИЈА > Цветановски: Се бараше изземање на обвинителот Пеливанов за пораките со Гури, Дисциплинската Комисија не е блокирана
МАКЕДОНИЈА

Цветановски: Се бараше изземање на обвинителот Пеливанов за пораките со Гури, Дисциплинската Комисија не е блокирана

Објавено March 3, 2025 21:32
Сподели
Сподели

Трајче Пеливанов е обвинителот за кој вишиот јавен обвинител, Јован Цветановски, иницирал дисциплинска постапка, по службена должност. Причина е наводот од скопскиот виш јавен обвинител, Мустафа Хајрулахи, кој со дисциплинската постапка бараше иземање на Трајле Пеливанов бидејки обзнанил пред Советот на Јавното обвинителство и републичкиот јавен обвинител дека Пеливанов се допишувал и одржувал комуникација со сега избеганиот Исмет Гури од ДУИ – а пораките го открија нивното пријателството. Пеливанов и Гури разменувале пораки и си договарале средби, додека тој беше дел од оОбвинителството за организиран криминал. Сепак советот на јавни обвинители не го казни, туку го награди Пеливанов за ваквото однесување.

Сметајќи дека Пеливанов ќе биде пристрасен во носењето на одлуката за дисциплинската постапка за Мустафа Хајрлуахи и Јован Цветановски, побарал негово изземање од Дисциплинската комисија. Се расправало за неговото изземање, не го изземал колегиумот, ниту пак сам се повлекол.

Дисциплинската постапка не е блокирана бидејки согласно Законот и Павилникот секој член има свој заменик кој доколку од било какви причини не може да биде дел од Дисциплинската комисија, заменикот доаѓа на негово место. Но таа замена не беше направена. Нема никаква пречка за Комисијата да функционира – тврди Цветановски.

Претходно беше објавено дека непосредно пред да му биде поведена дисциплинска постапка дека сомнително повлекол четири обвиненија и пред да биде суспендиран и оддалечен од работното место, обвинителот Цветановски ја блокирал Дисциплинската комисија која му поведе постапка.

Ова Цветановски го направил според правилник за поднесување дисциплинска одговорност на обвинители, кој дозволува и конфликт на интереси, да ја блокира комисијата тој што гледа дека е истражуван и дека против него ќе се поднесе постапка. Така, пред да му биде отворена постапка, Цветановски му поднел дисциплинска постапка на колега – член на Дисциплинската комисија која треба да го разгледува неговиот случај – објави СДК.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Наследникот на Коцевски мора да добие „виза“ од Советот на јавни обвинители
Следна Статија Дали Ахмети се закани со дестабилизација и војна? Aко се чепнел албанскиот jaзик ќе немало локални избори

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

МАКЕДОНИЈА

Ангелов: Ќе работам на обединување на ЦУК и на ДЗС во една институција, како стратешка заложба на Владата

Стојанче Ангелов е нов в.д. директор на Дирекцијата за заштита и спасување (ДЗС). Како што информираше Ангелов, по претходен договор…

May 27, 2025
МАКЕДОНИЈА

Како внатрешната контрола го открила скандалот во АНБ со прислушкувањето: Паднеле на полиграф па признале дека креирале лажни службени белешки

Креаторите на службените белешки во Агенцијата за национална безбедност (АНБ) признале дека пишувале лаги и измислици за повеќе јавни личности…

September 3, 2025
МАКЕДОНИЈА

Платите на судиите денеска на седница на Уставниот суд

Уставниот суд на Република Македонија денеска ќе ја одржи 28-та и последна седница за 2025 година, на која ќе бидат…

December 24, 2025
МАКЕДОНИЈА

Премиерот Мицкоски со делегација на Безбедносната конференција во Минхен

Премиерот Христијан Мицкоски кој ја предводи владината делегација на Безбедносната конференција во Минхен се очекува за време на форумот да…

February 15, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?