Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Цената на златото урива рекорди
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > Blog > Цената на златото урива рекорди
Blog

Цената на златото урива рекорди

Објавено April 12, 2025 10:08
Сподели
Сподели

Цената на златото денеска за првпат на светските пазари надминаа 3.200 долари, додека инвеститорите бараат безбедно засолниште за својот капитал во услови на слабеење на доларот и стравувањата дека трговската војна меѓу САД и Кина може да ја загрози светската економија.

На физичкиот пазар унца злато вчера попладне чинеше 3.223,36 долари и поскапе за 1,56 отсто од завчерашното затворање. Ова е највисока цена откако златото се тргува на берзата. Од почетокот на неделата поскапе за околу шест отсто.

На американскиот пазар златото се тргуваше по цена повисока за 2,14 отсто, по речиси 3.228 долари.

Американскиот претседател, Доналд Трамп, вчера ги зголеми тарифите за кинески стоки на дури 145 отсто, а Пекинг возврати со зголемување на царините за увоз од САД на 125 отсто.

„Постои зголемен ризик од рецесија, приносите на обврзниците растат, а американскиот долар слабее. Сето тоа се фактори кои го поддржуваат златото во улога на еден вид заштита од криза и инфлација“, изјави трговецот со благородни метали во германската филијала на Хереус Металс, Александар Зумфе.

Инвеститорите традиционално купуваат злато за да ги заштитат вредностите на средствата во периоди на зголемена економска и политичка нестабилност и да се спротивстават на падот на каматните стапки. Клиенти се и централните банки кои сакаат да го зајакнат билансот на состојба и да ги обезбедат залихите.

Во вакви услови златото лани поскапе за повеќе од 28 отсто, покажуваат пресметките на здружението на рударски компании WGC. Од почетокот на годината неговата цена е зголемена за речиси 21 отсто.

Послабиот долар, исто така, ја зголемува побарувачката за злато бидејќи ја зајакнува куповната моќ на инвеститорите со други валути, забележува „Ројтерс“.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Њујорк Тајмс: Администрацијата на Трамп развива план за анексија на Гренланд
Следна Статија Авиокомпаниите го укинуваат чекирањето?

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Blog

Дневен хороскоп за Рак – среда, 29 јануари 2025

💡 Општа енергија на денот: Денес, под силните влијанија на зодијакалната енергија, ќе почувствувате јакнење на вашата внатрешна мотивација. Забележлив…

January 29, 2025
Blog

Иранските ракети „не се ни приближија“ до американскиот брод „Линколн“

  Американската Централна команда (ЦЕНТКОМ) вели дека американскиот брод „УСС Абрахам Линколн“ не е погоден од ирански ракети. Иранската Исламска…

March 1, 2026
Blog

Американска живеачка: Плати од 55.000 долари, леб два долара, млеко еден долар…

Економијата е главна тема во САД, како земјата се наближува до конгресните избори во 2026 година. Впрочем, Трамп беше избран…

May 18, 2025

Limited Run Games Announces Collection Of Classic Marvel Arcade Games – Game Informer

Marvel Maximum Collection bundles six classic games from the 8 and 16-bit eras.

February 28, 2026
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?