Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Цената на парното останува иста
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > ЕКОНОМИЈА > Цената на парното останува иста
ЕКОНОМИЈА

Цената на парното останува иста

Објавено July 30, 2025 11:09
Сподели
Сподели

Не се менува цената на топлинската енергија – одлучи Регулаторната комисија за енергетика, водни услуги и услуги за управување со комунален отпад на Република Македонија.

РКЕ донесе одлука со која продолжуваат да важат актуелните цени за топлинска енергија се до донесување на нова одлука.

„РКЕ изврши длабинска анализа на доставените податоци за работата на компаниите кои вршат производство, дистрибуција и снабдување со топлинска енергија во Градот Скопје. Констатиравме дека за донесување на одлука која ќе ги рефлектира во целост реалните трошоци на сите регулирани дејности, посебно производство на топлинска енергија, дополнително е потребна проценка на вредноста на основните средства – топланите. РКЕ во февруари испрати барање за процена на основните средства за дејноста производство до Бирото за процена, но до денес го немаме добиено извештајот за процена и поради тоа не може да се направи финална пресметка. Со цел овозможување на еднаков третман на сите потрошувачи на топлинска енергија на територијата на Град Скопје, РКЕ донесе одлуки да продолжат да важат истите тарифи, односно сметките за парно не се менуваат, се до нова одлука “ изјави Марко Бислимоски, претседател на РКЕ.

Инаку со последната одлука од 1 февруари цената за потрошувачите на топлинска енергија во Град Скопје беше зголемена за 5,03 %, како резултат на зголемената цена на природниот гас на светските берзи за 16 % во последниот квартал од 2024 година.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Носи 3,4 тони вода: Со чешкиот „Блек Хок“ од 70 милиони долари се гаснат пожарите во Македонија
Следна Статија Мицкоски: Оваа Влада покажува дека може да се води државата со стабилни финансии, растечки плати, поддршка на економијата и дијалог

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

ЕКОНОМИЈА

Николоски: Три големи инфраструктурни проекти пуштаме во употреба за неколку недели

За неколку недели пуштаме во употреба три големи капитални проекти. Првиот веќе го пуштивме во употреба, а тоа експресниот пат…

January 5, 2025
ЕКОНОМИЈА

Директорот на Царина се пофали: Годинава наплатени 13,6 милиони евра повеќе од лани

Наплатата на приходи остварени од Царинската управа во првото тримесечје годинава се поголеми за 13,6 милиони евра во однос на…

April 14, 2025
ЕКОНОМИЈА

Мицкоски: Електро-енергетскиот сектор стабилен, единствен предизвик цената на мазутот

Електро-енергетскиот сектор вo државата е стабилен, во функција се блоковите во термоелектраната Битола 1 и 3. На депонија во Битола…

March 22, 2026
ЕКОНОМИЈА

OpenAI партнерите се нагрупираат за да обезбедат 100 милијарди долари долг за да ги финансираат своите амбиции

Компаниите во облак и развивачите се потпираат на компанија со загуба за да ги вратат огромните заеми

November 29, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?