Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Цените во маркетите подивеа: Црешите се продаваат по 1359 денари, јаболките и бананите над 100, цитроните по 130 денари
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > ЕКОНОМИЈА > Цените во маркетите подивеа: Црешите се продаваат по 1359 денари, јаболките и бананите над 100, цитроните по 130 денари
ЕКОНОМИЈА

Цените во маркетите подивеа: Црешите се продаваат по 1359 денари, јаболките и бананите над 100, цитроните по 130 денари

Објавено May 9, 2025 11:02
Сподели
Сподели

Цените во маркетите подивеа откако заврши владината мерка за замрзнување на трговските маржи. Дел од производите поскапеа веднаш што предизвика шок кај граѓаните.

Во одредени супермаркети, цената на килограм цреши достигна 1359 денари, цитроните се продаваат за 130 денари, а јаболките и бананите – основни артикли во секое домаќинство – надминуваат 100 денари по килограм.

Но зголемувањето на цените не е ограничено на пример само на овошјето, туку поскапувањата се пресликаа и на основните хигиенски и прехранбени артикли како тоалетна хартија, паста за заби, млеко, масло, јајца и сирење исто така забележаа значителен раст.

Трговците тврдат дека маркетите не се виновни за новите цени. Од таму објаснуваат дека трговците не се носители на ценовниот удар, туку дека тој доаѓа од страна на производителите и увозниците.

„Наглото поскапување на цените е од увозниците и производителите. Ние само додаваме маржа која што не е толку висока и која нема голем удел во поскапувањето на производите. Пред почетокот на месецов добивме нови ценовници, поради што бевме принудени и ние да ги кренеме цените“, се правдаат трговците.

Владата претходно најави дека ќе следи внимателно по завршувањето на мерката и ќе спречи дестабилизирање на ценовниот систем. Но, реалноста на теренот ги надмина очекувањата: инфлацискиот притисок повторно добива замав, а економската неизвесност ја поткопува довербата на потрошувачите.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Андоновски: Ги забрануваме првите 53 нелегални приредувачи на онлајн игри на среќа
Следна Статија Убавата студентка по право ќе ја претставува Македонија на „Мис на светот“

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

ЕКОНОМИЈА

Почна изградбата на гасоводен интерконектор со Грција

Започна реализацијата на гасниот интерконектор со Грција, во должина од 66,7 километри, кој се протега од Гевгелија до Неготино. Овој…

July 9, 2025
ЕКОНОМИЈА

Нови ЕУ правила: Пластичните шишиња наскоро ќе претрпат важна промена

Пластичните шишиња наскоро ќе претрпат нова важна промена — по воведувањето на неодвојливите капачиња, следува уште еден чекор во правец…

October 12, 2025
ЕКОНОМИЈА

Славески: Инфлацијата е стабилизирана, а девизните резерви се на сигурно ниво

„Инфлацијата во земјава е стабилизирана и инфлациските очекувања се закотвени, додека девизните резерви се на високо ниво и обезбедуваат силна…

December 23, 2025
ЕКОНОМИЈА

Јапонските акции растат, обврзниците имаат цврста побарувачка: Преглед на пазарите

Акциите во Европа и Азија ја поставија основата во четвртокот, додека идните индекси на САД одржаа добивки додека трговците се…

December 5, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?