Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Цените до плафон: Стан во Скопје се продал за 3.070 евра за метар квадратен
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > ЕКОНОМИЈА > Цените до плафон: Стан во Скопје се продал за 3.070 евра за метар квадратен
ЕКОНОМИЈА

Цените до плафон: Стан во Скопје се продал за 3.070 евра за метар квадратен

Објавено November 27, 2025 14:39
Сподели
Сподели

Директорот на Агенцијата за катастар, Иван Живковски, во гостување во емисијата „Бизнис21“ на ТВ21 откри дека највисоката тргувана цена на недвижност во Скопје во третиот квартал достигнала 3.070 евра за квадратен метар, и тоа во општина Центар.

Како што појасни тој, станува збор за купопродажба на стан во нова градба, директно од инвеститор.

Апсолутно, ова се однесува на нови станови во центарот на Скопје. Но просечната цена во Центар е околу 1.600 евра за квадратен метар – рече Живковски.

Според него, граѓаните треба да имаат предвид дека просечната цена е пониска бидејќи во статистиката влегуваат и стари станови, вклучително и оние градени пред земјотресот, кои често немаат лифт и бараат значителни инвестиции за реновирање.

Живковски објасни дека на просекот влијаат и купопродажбите каде што цената е утврдена со преддоговори склучени пред неколку години, додека зградата била во почетна фаза на градба.

Доколку денес се склучува главниот договор, а преддоговорот бил потпишан пред три-четири години, граѓаните тогаш платиле многу пониска цена, бидејќи тој голем раст што го детектираме последниве години сè уште не беше присутен – нагласи Живковски.

Согласно податоците од Катастарот, новоградбите продолжуваат да ја влечат цената нагоре, додека старите станови ја намалуваат просечната статистика за општина Центар.

Причината за зголемената побарувачка и раст на цените на станбен кредит се шпекулациите и менталитетот дека мора да се купи стан за децата.

Новите згради во општина Центар се најатрактивна општина, меѓутоа не помалку атрактивна е и општина Карпош на територија на Скопје. Значи се движат од 2.400, 2500 па до некаде 3.000 и онаа сума која што ја имаме евидентирано 3.100, 3.100 и нешто… – рече Живковски.

Извор: тв21

 

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Тимови од АХВ спроведуваат вонредни контроли во кујните на девет основни училишта во Карпош
Следна Статија Итен состанок во ЦУК поради лизгање на земјиште на Водно

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

ЕКОНОМИЈА

Раст од 3 %, прогнозира Народната банка за оваа година – Усвоен најновиот Квартален извештај

Советот на Народната банка одржа редовна седница на која беше разгледан и усвоен најновиот Квартален извештај во чии рамки се…

June 20, 2025
ЕКОНОМИЈА

Славески: Од утре плаќањата во евра стануваат поевтини и побрзи

Од утре земјава и практично станува дел од Единствената област за плаќање во евра (СЕПА) со што граѓаните и компаниите…

October 6, 2025
ЕКОНОМИЈА

Нема да има зголемување на старосната граница за пензионирање, уверува премиерот

Ставот на Владата е дека нема да има зголемување на старосната граница за пензионирање и дека детектирани се проблемите, Владата…

December 11, 2024
ЕКОНОМИЈА

Ацо Ристов предложен за нов претседател на РКЕ

Ацо Ристов, дипломиран електроинженер со долгогодишно раководно искуство во секторите енергетика, хидроенергија, водоснабдување, третман на води, рударство и инфраструктурни системи…

March 17, 2026
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?