Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Цените на златото близу 3.000 долари
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > Blog > Цените на златото близу 3.000 долари
Blog

Цените на златото близу 3.000 долари

Објавено February 20, 2025 08:38
Сподели
Сподели

Цените на златото во средата се задржаа на нивото близу 3.000 долари за унца, во услови на зголемено купување од страна на централните банки и загриженоста на инвеститорите за глобалниот економски раст по најавите за новите американски царини.

На физичкиот пазар унцата злато околу пладнето чинеше 2.943 долари, што е за 0,3 отсто повеќе од затворањето на вчерашното тргување. Накратко достигна ново највисоко ниво откако со златото првпат се тргува на берзата од 2.946 долари, деветти пат од почетокот на годината.

На американскиот пазар со златото во терминските договори (фјучерсите) се тргуваше по 0,4 отсто повисока цена, од 2.961 долар.

Според пресметките на здружението на рударски компании WGC, златото минатата година поскапело за повеќе од 28 отсто, поради силната побарувачка од централните банки и инвеститорите во период на зголемени геополитички тензии.

Централните банки продолжија да ги пополнуваат резервите во 2024 година, зголемувајќи го темпото на купување во октомври, а трендот ќе продолжи и во 2025 година, процени WGC во средината на декември.

Побарувачката за инвестиции беше поттикната од геополитичките ризици и остри флуктуации на голем број регионални финансиски пазари, објаснуваат тие, додавајќи дека инвеститорите продолжиле да купуваат во третиот квартал бидејќи централните банки почнале да ги намалуваат клучните каматни стапки.

На почетокот на оваа година, изјавите на американскиот претседател Доналд Трамп за царините предизвикаа нервоза. Во вторникот Трамп рече дека има намера да воведе царини за автомобили од околу 25 отсто и подготвува слични царини за увоз на полупроводници и фармацевтски производи.

Трговците стравуваат дека царините би можеле да го означат почетокот на трговска војна и да ѝ наштетат на глобалната економија.

„Порастот на цените на златото се чини дека е поттикнат од изјавите на претседателот Трамп за претстојното воведување тарифи за увезените автомобили и фармацевтски производи, што може да го отвори патот за негово поскапување до 3.000 долари“, вели Зеид Ванда, пазарен аналитичар во OANDA.

Откако повторно влезе во Белата куќа, Трамп веќе воведе царина од 10 отсто за увоз од Кина и 25 отсто за увоз на челик и алуминиум од земјите ширум светот.

„Верувам дека централните банки ќе продолжат да купуваат злато во догледна иднина и ќе ги диверзифицираат резервите со купување злато и со поддршка на неговиот раст на цените“, рече аналитичарот на UBS, Џовани Стауново.

Цените на среброто, кое се користи во електричните компоненти, исто така, се зголемија за 0,4 отсто, на 32,99 долари за унца. Платината, која се користи во автокатализатори, падна за 0,6 отсто на 981,56 долари, додека цената на паладиумот помалку или повеќе стагнираше на 987,75 долари.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Џеј Зи: Јас и моето семејство добиваме смртни закани поради лажните наводи за силување
Следна Статија „Трипедвајзор“ ја објави листата на најдобрите европски плажи за 2025 година (ВИДЕО)

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Blog

ДЗС: Чадењето од депонијата „Дрисла“ значително намалено, затрупувањето продолжува утре

Чадењето од депонијата „Дрисла“, присутна по пожарот што избувна пред неколку дена е значително намалено, информираше вечерва директорот на Дирекцијата…

September 14, 2025
Blog

Поради ниските плати 27.000 странски работници ја напуштиле Германија

Минатата година, околу 27.000 странски работници кои веќе имале договори за квалификувани работни места ја напуштиле Германија. Причината? Германската агенција…

April 8, 2025
Blog

И Дојче банк е во криза, ќе отпушта вработени

Германската банка „Дојче банк“ планира да отпушти околу 2.000 вработени годинава во рамки на својата стратегија за намалување на трошоците,…

March 20, 2025
Blog

Огромна Black Friday распродажба во PlayStation продавницата со 1.900+ PS5 и PS4 понуди

DS2! Astro Bot! Silent Hill F! MGS Delta!

November 22, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?