Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Цените на кафето Арабика паднаа на најниско ниво во последниот месец
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > ЕКОНОМИЈА > Цените на кафето Арабика паднаа на најниско ниво во последниот месец
ЕКОНОМИЈА

Цените на кафето Арабика паднаа на најниско ниво во последниот месец

Објавено September 20, 2025 09:14
Сподели
Сподели

Цените на кафето арабика паднаа на најниско ниво во последниот месец – 8 долари (6,8 евра) за килограм.

Ова дојде по веста дека американските парламентарци подготвуваат закон за ослободување на увозот на кафе од царини, кои беа воведени во јануари 2017 година, објави „Трејдинг економикс“.

Претставници на обете партии во американскиот Конгрес, и републиканци и демократи, поддржуваат предлог што би го опфатил печеното кафе, како и кафето без кофеин и нуспроизводите.

Дури и ако Конгресот го усвои, предлогот сепак ќе бара потврда од американскиот претседател Доналд Трамп.

Пазарите на кафе беа нестабилни, а арабика се приближи до рекордни максимуми претходно оваа недела поради неизвесноста во снабдувањето и трговските нарушувања по царините што САД ги воведоа врз Бразил, најголемиот извозник на кафе во светот.

Потенцијалното ослободување би ги намалило тие притисоци, бидејќи бразилските земјоделци би можеле да ослободат залихи и да ја зголемат понудата.

Временската прогноза е исто така во фокусот, а очекуваните врнежи од дожд во Бразил се клучни за жетвата следната година.

Од друга страна, Виетнам се подготвува за најголемата жетва на кафе робуста во последните четири години, што дополнително влијае на цените.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија (Видео) Се судрија патнички и товарен брод за време на премин низ Босфорот, осум лица повредени
Следна Статија Алиу: Во рекордно време реализиравме над 1.250 вработувања во јавно здравство

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

ЕКОНОМИЈА

Вицегувернерката Нацевска: Со минимален сет податоци до полесни плаќања во евра преку СЕПА

„Со влезот на земјата во СЕПА, преносот на парични средства во евра дополнително ќе се поедностави и ќе се забрза,…

March 27, 2025
ЕКОНОМИЈА

Поевтинуваат горивата од полноќ

Поевтинуваат горивата од полноќ со новата одлука на РКЕ. Регулаторната комисија за енергетика донесе одлука за намалување на малопродажните цени…

March 3, 2025
ЕКОНОМИЈА

Средба со директорот за статистика на ММФ: Народната банка со нови достигнувања во статистиката

Директорот за статистика на ММФ, Алберт Крусе, искажа задоволство од натамошниот напредок на Народната банка во областа на статистиката, со…

April 28, 2025
ЕКОНОМИЈА

Мицкоски: И во услови на историски најголема криза со енергентите, платите растат, дефицитот и инфлацијата се намалуваат

И во услови на епска, историски најголема криза со енергентите, платите растат, дефицитот и инфлацијата се намалуваат, го плаќаме солидарниот…

March 26, 2026
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?