Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Цените на туристичките пакет аранжманите во ЕУ во август годинава се зголемиле за 2,5 проценти
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > ЕКОНОМИЈА > Цените на туристичките пакет аранжманите во ЕУ во август годинава се зголемиле за 2,5 проценти
ЕКОНОМИЈА

Цените на туристичките пакет аранжманите во ЕУ во август годинава се зголемиле за 2,5 проценти

Објавено September 27, 2025 12:05
Сподели
Сподели

Просечните цени на туристичките пакет аранжманите во ЕУ во август годинава се зголемиле за 2,5 проценти споредено со истиот месец лани, информира Европската статистичка агенција – Евростат.

Кога станува збор за августовските домашни туристички аранжмани, тие поскапеле за 6,8 отсто на годишно ниво, а странските за 1,6 проценти.

За споредба, во мај годинава цените на туристичките пакет аранжмани пораснаа за 1,7 отсто во однос на истиот лански месец.

Ваквите податоци укажуваат на ублажување на растот на цените на туристичките аранжмани, имајќи предвид дека во 2024 година и првиот квартал од 2025, поскапувања на пакет понудите на годишно ниво под 7,0 отсто беа регистрирани само лани во јули и во март годинава.

По земји, најголем раст на цените на туристичките пакет аранжмани на годишно ниво минатиот месец е регистриран во Естонија за 39,5 отсто, по што следуваат Бугарија со 23 и Данска со поскапување од 12 проценти.

Намалување на августовските цени на туристичките аранжманите на годишно ниво се бележат во само три земји членки на ЕУ и тоа Белгија од 7,0, Шведска од 5,6 и Шпанија од 0,1 отсто.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Андоновски: Сите документи ќе ви бидат во телефонот, тестот ќе го направиме на Самитот пред 800 присутни од 20 држави
Следна Статија Филипче: Тотална дипломатска изолација на државните претставници во ОН, се губи меѓународната позиција на земјата

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

ЕКОНОМИЈА

Просечната нето плата во април 45.452 денари

Просечната месечна исплатена нето-плата по вработен, во април година, изнесува 45 452 денари и во однос на април лани е…

June 20, 2025
ЕКОНОМИЈА

Годинава увезени повеќе автомобили, и нови и половни

Во земјава годинава е забалежан раст на бројот на увезени и продадени нови и половни возила. Според податоците на Царинска…

December 31, 2024
ЕКОНОМИЈА

Македонија доби пофалби за напредокот во енергетските реформи и либерализацијата на пазарот на струја

Енергетската заедница во својот Годишен извештај за 2025 година ја рангира Македонија како земја со најголем реформски моментум во енергетиката,…

December 14, 2025
ЕКОНОМИЈА

Трендафилов: Пратениците кукаат дека било тешко да се живее со 500 евра, што да кажат луѓето со 395 евра?

Претседателот на Сојузот на синдикатите на Македонија (ССМ), Слободан Трендафилов во емисијата „Бизнис21“ на ТВ „21“ истакна дека пратениците веќе…

April 3, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?