Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: „Центар преплавен во смет“: Герасимовски најави ригорозни мерки против „Комунална хигиена“
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > МАКЕДОНИЈА > „Центар преплавен во смет“: Герасимовски најави ригорозни мерки против „Комунална хигиена“
МАКЕДОНИЈА

„Центар преплавен во смет“: Герасимовски најави ригорозни мерки против „Комунална хигиена“

Објавено June 2, 2025 11:31
Сподели
Сподели

Општина Центар и ова утро беше преплавена во смет откога ЈП „Комунална хигиена“ повторно беше на продолжен одмор, велат од Општината. Градоначалникот Горан Герасимовски информира дека се подготвуваат одредени законски измени, што ќе бидат доставени до министерствата со цел преземање на ингеренциите од Град Скопје.

„Сето ова што се случува со нехигиената е недозволиво ниту за центарци ниту за сите жители на градот Скопје. Подготвуваме неколку ригорозни мерки до комуналното претпријатие, па дури и кривични пријави за нивната негрижа, за неудостојувањето на нормалните услови за живеење на граѓаните. Како Општина ќе направиме сè за сето ова го стопираме. Побаравме и преземање на ингеренциите од комуналното претпријатија, беа и ние и другите скопски општини, сами си го собираме сметот. Во моментот имавме неколку состаноци со нашата правна служба, се подготвуваат одредени законски измени, што ќе ги доставиме до министерствата, и повторно ќе побараме како Општина и како општини да си ги преземеме ингеренциите и сами да си го чистиме сметот“, рече Герасимовски.

Герасимовски потенцира дека како жител, но и како татко, чии деца секојдневно се на улиците и н аспортските терени, нема да дозволи Центар да биде затрупан во смет.

„Комуналното претпријатие има одговорност и за поставување и за собирање на сметот од контејнери, но и сметот од сите булевари и зелени површини на територијата на општината и на градот. Бадијала ние имаме најголем број хигиеничари, дури 110, чија грижа за нашите улички е на високо ниво, но нечистењето на сметот ни прави дополнителен проблем на Општината, на хигиеничарите и на жителите. Срамота е во 21 век да говориме за хигиена и за нечистење контејнери и ширење зараза. Крајно несериозно и недозволиво е јавното претпријатие несоодветно си ги извршува своите работи. Затоа како Општина, како општини, ќе побараме да си ги преземеме ингеренциите и да го подигнеме нивото на здрава животна средина на многу повисоко ниво“, истакна Герасимовски во изјава за медиум.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Мицкоски: Двојно е зголемен буџетот за науката и научната дејност
Следна Статија Мицкоски: Европа има шанса да исправи историска неправда, суштината на официјална Софија е создавање на нова македонска нација

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

МАКЕДОНИЈА

Муцунски не очекува резолуцијата во ОН да има последици врз патот кон членство во ЕУ

Министерот за надворешни работи и надворешна трговија Тимчо Муцунски не очекува резолуцијата во Обединетите нации за Украина, која беше подготвена…

February 28, 2025
МАКЕДОНИЈА

Тошковски: Загинувањето на Фросина не е само несреќа, туку резултат на пропусти во системот

Како министер за внатрешни работи, но пред сè како човек и како татко, не можам, а да не ја споделам…

January 31, 2025
МАКЕДОНИЈА

ОЈО бара притвор за екс директорите на Онкологија, мерки на претпазливост за обвинетите онколози

Основното јавно обвинителство Скопје, заедно со поднесените обвиненија во предметот „Онкологија“, до Основниот кривичен суд Скопје вчера поднесе и предлог…

May 23, 2025
МАКЕДОНИЈА

(ВИДЕО) Мицкоски: Народ кој не ја познава својата писменост лесно станува туѓ во сопствената историја

Браќата Кирил и Методиј испратиле порака која и денес е современа и моќна – секој народ има право на образование,…

May 24, 2026
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?