Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Црвениот крст исплати над 11,2 милиони денари на 18 настрадани од пожарот во Кочани
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > МАКЕДОНИЈА > Црвениот крст исплати над 11,2 милиони денари на 18 настрадани од пожарот во Кочани
МАКЕДОНИЈА

Црвениот крст исплати над 11,2 милиони денари на 18 настрадани од пожарот во Кочани

Објавено March 2, 2026 16:35
Сподели
Сподели

Црвениот крст на Македонија на 27 февруари 2026 година ја изврши последната исплата од собраните средства за настраданите од пожарот во Кочани. Средствата се распределени на 18 лица, поделени во две категории, во вкупен износ од 11.200.000 денари.

Исплатата, како што информираат, е реализирана врз основа на доставен список на повредени лица, изготвен по втората евалуација на нивната здравствена состојба и прогнозата за понатамошно лекување, подготвена од Комисијата на Министерството за здравство.

– Со оваа исплата, вкупниот досегашен трансфер на средства од Фондот на солидарност достигнува 164.744.901 денар. Со цел обезбедување транспарентност и отчетност, Црвениот крст подготви Извештај за фактичките наоди за приливите и одливите на сметката на Фондот на солидарност за периодот од 16 март до 22 август 2025 година. Извештајот е објавен на веб-страницата на Црвениот крст – информираат оттаму.

Во тек е подготовка на финален извештај кој ќе го опфати и преостанатиот период, а истиот ќе биде објавен до 15 март годинава.

Од организацијата упатија благодарност до сите донатори кои придонесоа за мобилизирање на хуманитарната поддршка за настраданите и нивните семејства.

– Црвениот крст продолжува со активности на терен, со посебен акцент на обезбедување психолошка поддршка преку Регионалниот центар за ментално здравје и психосоцијална поддршка – велат од Црвениот крст.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Resident Evil Requiem Day One Patch And amiibo Release Date Confirmed – Nintendo Life
Следна Статија Нова есхумација: Истрагата за осомничениот од Старо Нагоричане се проширува за уште едно убиство

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

МАКЕДОНИЈА

Мицкоски: Не очекувам промена во односите со Бугарија

Премиерот Христијан Мицкоски порача дека Владата ќе остане доследна на заштитата на македонскиот идентитет и корени во преговорите со Бугарија.…

May 4, 2026
МАКЕДОНИЈА

„Пожарот“ на брод во Охрид всушност било вежба на МВР во случај на интервенција

Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски соопшти дека е успешно реализирана заедничка вежба со Дирекцијата за заштита и спасување и…

July 26, 2025
МАКЕДОНИЈА

Костадиновски: Лојалноста кон Уставот е должност на секој граѓанин

По повод одбележувањето на Денот на Уставот, 34 години од неговото донесување, претседателот на Уставниот суд, Дарко Костадиновски преку видео…

November 17, 2025
МАКЕДОНИЈА

„Безбеден град“ ќе стартува од 1 февруари

Системот за автоматско снимање и санкционирање на сообраќајни прекршоци „Безбеден град“ ќе почне со работа на 1 февруари 2026 година…

December 12, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?