Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Црногорците објавија ВИДЕО од моментот кога Костелиќ бил лоциран во морето
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > БАЛКАН > Црногорците објавија ВИДЕО од моментот кога Костелиќ бил лоциран во морето
БАЛКАН

Црногорците објавија ВИДЕО од моментот кога Костелиќ бил лоциран во морето

Објавено March 11, 2025 14:12
Сподели
Сподели

Ивица Костелиќ преживеа доста незгодни падови низ сите скијачки центри ширум светот, но дефинитивно, животот на Хрватот ниту еднаш не беше загрозен како изминатава вечер, во која прославениот скијач преживеал петчасовна драма во водите на Јадранското море.

Црногорските медиуми веќе пренесоа информации за спасувачката акција во која беа спасени животите на Костелиќ и еден негов добар француски пријател, па откако беа откриени и детали од целата операција која била изведена од војската и поморската Управа во Црна Гора, најдобрите вести пристигнуваат ова попладне.

Членови на црногорската влада го посетиле Костелиќ во болница, а токму премиерот Милојко Спајиќ ја пренесе и првата порака за благодарност која ја има легендарниот Хрват за целата спасувачка акција.

– Ивица Костелиќ е добро и се опоравува во болницата во Бар. Исклучително е благодарен на црногорската војска за правовремената реакција, како и на медицинските кадри во нашата земја.

– Легендарниот хрватски скијач престојувал на планинскиот масив Проклетие и на реката Бојана, каде ги промовирал убавините на нашите бисери, кои според Костелиќ имаат огромен потенцијал за екстремни спортови. Ивица, повторно да ни дојдеш на гости, – гласи пораката на црногорскиот премиер.

Добрата општа состојба на Костелиќ и неговиот пријател е веста на денот во регионот, бидејќи драмата која доцна синоќа се одвивала во Јадранското море траела речиси пет часа, а Ивица и Французинот избегнале трагедија само благодарение на големата операција во која тие биле лоцирани со термалниот сензор од воениот хеликоптер.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Пеце Мирчевски доби нови 30 дена, екс-директорот на СОЗР од СДСМ останува во притвор
Следна Статија Изгласана интерпелацијата за Весна Дамева

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

БАЛКАН

Вучиќ: Бидете сигурни, во Србија нема да се случи „македонско сценарио“

Александар Вучиќ ги поврзува поранешните настани од Македонија од 2016 година со сегашните случувања во Грузија, но и потенцира дека…

December 3, 2024
БАЛКАН

Балканските превозници се враќаат на блокадите,ЕУ ги отфрли нивните предлози

Европската комисија (ЕК) ги отфрли сите предлози испратени од земјите од Западен Балкан со цел да се најде компромис за…

February 15, 2026
БАЛКАН

Објавена е нова снимка од уривањето на настрешницата во Нови Сад

Во моментот кога се урна настрешницата на железничката станица во Нови Сад, при што загинаа 15 лица, во главното фоаје…

March 18, 2025
БАЛКАН

Земјотрес со јачина од 3,5 степени во Словенија

Голем број жители на Словенија утрово во 03:37 часот ги разбуди земјотрес на длабочина од 12 километри што беше почувствуван…

December 9, 2024
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?