Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Црногорците објавија ВИДЕО од моментот кога Костелиќ бил лоциран во морето
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > БАЛКАН > Црногорците објавија ВИДЕО од моментот кога Костелиќ бил лоциран во морето
БАЛКАН

Црногорците објавија ВИДЕО од моментот кога Костелиќ бил лоциран во морето

Објавено March 11, 2025 14:12
Сподели
Сподели

Ивица Костелиќ преживеа доста незгодни падови низ сите скијачки центри ширум светот, но дефинитивно, животот на Хрватот ниту еднаш не беше загрозен како изминатава вечер, во која прославениот скијач преживеал петчасовна драма во водите на Јадранското море.

Црногорските медиуми веќе пренесоа информации за спасувачката акција во која беа спасени животите на Костелиќ и еден негов добар француски пријател, па откако беа откриени и детали од целата операција која била изведена од војската и поморската Управа во Црна Гора, најдобрите вести пристигнуваат ова попладне.

Членови на црногорската влада го посетиле Костелиќ во болница, а токму премиерот Милојко Спајиќ ја пренесе и првата порака за благодарност која ја има легендарниот Хрват за целата спасувачка акција.

– Ивица Костелиќ е добро и се опоравува во болницата во Бар. Исклучително е благодарен на црногорската војска за правовремената реакција, како и на медицинските кадри во нашата земја.

– Легендарниот хрватски скијач престојувал на планинскиот масив Проклетие и на реката Бојана, каде ги промовирал убавините на нашите бисери, кои според Костелиќ имаат огромен потенцијал за екстремни спортови. Ивица, повторно да ни дојдеш на гости, – гласи пораката на црногорскиот премиер.

Добрата општа состојба на Костелиќ и неговиот пријател е веста на денот во регионот, бидејќи драмата која доцна синоќа се одвивала во Јадранското море траела речиси пет часа, а Ивица и Французинот избегнале трагедија само благодарение на големата операција во која тие биле лоцирани со термалниот сензор од воениот хеликоптер.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Пеце Мирчевски доби нови 30 дена, екс-директорот на СОЗР од СДСМ останува во притвор
Следна Статија Изгласана интерпелацијата за Весна Дамева

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

БАЛКАН

Откриена лабораторија за фалсификување документи, запленети илјадници исправи од над 50 земји

Илјадници празни документи за идентификација со ознаки на повеќе од 50 земји ширум светот, вклучително и Србија, беа запленети во…

January 29, 2025
БАЛКАН

Необичен случај во Хрватска: Маж провалил во куќа и заспал во дневната соба

Обид за кражба во хрватскиот град Медулин имаше бизарен епилог. Словенечки државјанин (30) бил пронајден како спие во дневната соба…

September 29, 2025
БАЛКАН

Американската амбасада во Белград со предупредување за утрешните демонстрации

Американската амбасада во Белград денес издаде предупредување до граѓаните на САД во врска со демонстрациите планирани во Белград во сабота…

May 22, 2026
БАЛКАН

Пекол на грчките острови: Пожари на Хиос и Евија, евакуирани населени места и хотел

Шумски пожари го зафатија егејскиот остров Хиос, принудувајќи евакуација на шест населени места, пренесе „Катимерини“. Најтешко е погодена областа Агиос…

June 23, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?