Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Чаби Алонсо ќе го наследи Карло Анчелоти на клупата на Реал Мадрид
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > СПОРТ > Чаби Алонсо ќе го наследи Карло Анчелоти на клупата на Реал Мадрид
СПОРТ

Чаби Алонсо ќе го наследи Карло Анчелоти на клупата на Реал Мадрид

Објавено May 9, 2025 13:07
Сподели
Сподели

Чаби Алонсо ќе биде новиот тренер на Реал Мадрид. Ова е веста која веднаш го обиколи фудбалскиот свет откако шпанскиот весник „Марка“ објави дека договор е постигнат и многу брзо ќе биде официјализиран. Баскискиот стратег, кој направи сензационален успех со Баер Леверкузен, ќе потпише тригодишен договор до 2028 година со „кралскиот клуб“.

Според информациите, Реал ќе мора да ја плати откупната клаузула на Алонсо, бидејќи неговиот договор со германскиот клуб важи до 2026 година. И покрај тоа, „Марка” тврди дека договорот веќе е „запечатен“, а Алонсо ќе се врати во клубот каде што како фудбалер освои Лига на шампиони и остави длабок печат.

Со оваа одлука, Реал Мадрид подготвува генерациска смена на клупата, бидејќи актуелниот тренер Карло Анчелоти ќе замине по завршувањето на сезоната. Последниот натпревар на Италијанецот на чело на „кралевите“ ќе биде на 25 мај против Реал Сосиедад, натпревар во кој се очекува да добие големо испраќање од публиката на „Сантијаго Бернабеу“.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Цената на биткоинот надмина 103.000 долари
Следна Статија 100-годишен ветеран од Втората светска војна учествуваше на Парадата на победата во својот тенк Т-34

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

СПОРТ

Синер е новиот шампион на Вимблдон

Најдобриот светски тенисер Јаник Синер од Италија е новиот шампион на Вимблдон, откако во финалето го совлада двократниот победник Карлос…

July 14, 2025
СПОРТ

ФИФА очекува една милијарда евра приход од СП за жени, почнувајќи од 2031

ФИФА планира во иднина да оствари приход од една милијарда долари од светските првенства за жени, почнувајќи од и во…

May 14, 2025
СПОРТ

Шок во Белград – Задар ја победи Црвена звезда

Кошаркарите на Црвена звезда загубија од Задар со 79:85 во првиот натпревар во АБА лигата, во групата Б. Екипата на…

October 7, 2025
СПОРТ

Синер за допингот: Убеден сум дека ништо не се случува случајно

Светскиот рекет број еден, Италијанецот Јаник Синер раскажа како случајот со допинг влијаел врз неговиот живот. – Најтешко е што…

October 24, 2024
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?