Англискиот тим Челзи е освојувач на трофејот на Светското фудбалско клупско првенство што изминатите 30 дена се одржа во САД.
Во финалето одиграно во Њу Џерси, тимот на Челзи го надигра актуелниот европски првак Париз Сен Жермен.
Целата работа избраниците на Пеп Гвардиола ја завршија во првото полувреме во кои направија предност од три гола.
Серијата на голови ја отвори Кол Палмер во 22-та минута. Само осум минути подоцна (30) истиот фудбалер и по втор пат ја затресе мрежата на францускиот тим. Токму по асистенцијата на Палмер во 43.минута, Жоао Педро зголеми на 3:0.
Тоа се покажа и како конечен резултат на натпреварот иако во вториот дел двата тима имаа повеќе шанси за погодок.
За челзи ова е први трифеј Светски клупски шампион, а ова беше првото издание на ова натпреварување во ваков формат, во кој настапија 32 екипи.