Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Ченто за годишнината од пресудата: Вие нѐ осудивте, историјата ќе нѐ ослободи
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > МАКЕДОНИЈА > Ченто за годишнината од пресудата: Вие нѐ осудивте, историјата ќе нѐ ослободи
МАКЕДОНИЈА

Ченто за годишнината од пресудата: Вие нѐ осудивте, историјата ќе нѐ ослободи

Објавено March 15, 2026 18:34
Сподели
Сподели

Осудениот за настаните од 27 април 2017 во Собранието на Македонија, Јане Ченто, со објава на социјалните мрежи се осврна на 15 март 2019 година, денот кога беа изречени пресудите за овој случај.

Според него, процесот не бил вистинско судење, туку политичка пресметка, во која, како што тврди, правдата била заменета со однапред подготвена пресуда.

„Тоа не беше судење во вистинска смисла на зборот. Тоа беше политичка пресметка, маскирана како правда. Судење во кое вистината беше заменета со наратив, а правдата со однапред напишана пресуда“, напиша Ченто.

Тој во објавата тврди дека сите учесници во процесот подоцна биле наградени со функции и унапредувања, што, според него, говори за природата на судскиот процес.

Ченто наведува дека случајот „27 април“ ќе остане запишан како едно од најмрачните поглавја во независна Македонија, обвинувајќи дека власта се пресметувала со политички неистомисленици преку притисоци, тортура и злоупотреба на институциите.

Во објавата тој истакнува дека, според него, пресудата резултирала со повеќе од 200 години затворски казни за обвинетите.

„Вие нѐ осудивте. Историјата ќе нѐ ослободи. Бараме правда“, напиша Ченто, додавајќи дека борбата за вистината ќе продолжи.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Утре ќе се одлучува дали горивата ќе имаат нова цена
Следна Статија Повредениот Драган од „Пулс“: Животот продолжува, одиме во Скопје на третмани, пулмолози нѐ лекуваат во Кочани

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

МАКЕДОНИЈА

Утре е Велики петок – најтешкиот ден во годината

Патем, од собата на Тајната вечера до Гетсиманија, Христос продолжил со Прошталната беседа и ги поучувал апостолите (Јован 15 и…

April 17, 2025
МАКЕДОНИЈА

Блокирана Илинденска: Трет протест за плати на вработените од „Флораком“ и „Луна“

Трет протест поради неисплатени две плати. Вработените од друштвата со ограничена одговорност „Флораком“ и „Луна“, фирми-ќерки на Јавното Претпријатие „Паркови…

August 12, 2025
МАКЕДОНИЈА

Извештај на ЕК: Намален број на ученици, слаби ПИСА-резултати, недонесени закони

Трошоците за образование и обука минатата година биле благо намалени на 3,17 отсто од БДП во 2024 година (за разлика…

November 2, 2024
МАКЕДОНИЈА

Скопјани се жалат: Парно нема, иако грејната сезона е почната

Од вчера, 15. октомври, официјално стартуваше грејната сезона 2025/2026 година за сите потрошувачи приклучени на системот за централно греење во…

October 16, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?