Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Ченто за годишнината од пресудата: Вие нѐ осудивте, историјата ќе нѐ ослободи
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > МАКЕДОНИЈА > Ченто за годишнината од пресудата: Вие нѐ осудивте, историјата ќе нѐ ослободи
МАКЕДОНИЈА

Ченто за годишнината од пресудата: Вие нѐ осудивте, историјата ќе нѐ ослободи

Објавено March 15, 2026 18:34
Сподели
Сподели

Осудениот за настаните од 27 април 2017 во Собранието на Македонија, Јане Ченто, со објава на социјалните мрежи се осврна на 15 март 2019 година, денот кога беа изречени пресудите за овој случај.

Според него, процесот не бил вистинско судење, туку политичка пресметка, во која, како што тврди, правдата била заменета со однапред подготвена пресуда.

„Тоа не беше судење во вистинска смисла на зборот. Тоа беше политичка пресметка, маскирана како правда. Судење во кое вистината беше заменета со наратив, а правдата со однапред напишана пресуда“, напиша Ченто.

Тој во објавата тврди дека сите учесници во процесот подоцна биле наградени со функции и унапредувања, што, според него, говори за природата на судскиот процес.

Ченто наведува дека случајот „27 април“ ќе остане запишан како едно од најмрачните поглавја во независна Македонија, обвинувајќи дека власта се пресметувала со политички неистомисленици преку притисоци, тортура и злоупотреба на институциите.

Во објавата тој истакнува дека, според него, пресудата резултирала со повеќе од 200 години затворски казни за обвинетите.

„Вие нѐ осудивте. Историјата ќе нѐ ослободи. Бараме правда“, напиша Ченто, додавајќи дека борбата за вистината ќе продолжи.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Утре ќе се одлучува дали горивата ќе имаат нова цена
Следна Статија Повредениот Драган од „Пулс“: Животот продолжува, одиме во Скопје на третмани, пулмолози нѐ лекуваат во Кочани

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

МАКЕДОНИЈА

Стејт департмент: Македонија се уште не ги исполнува целосно минималните стандарди за елиминирање на трговијата со луѓе

Властите на Македонија вложуваат значителни напори, но земјата се уште не ги исполнува целосно минималните стандарди за елиминирање на трговијата…

September 30, 2025
МАКЕДОНИЈА

По изборите ќе се занимавам со корупцијата во судството и обвинителството, вели Мицкоски

По локалните избори имам намера да се занимавам со корупцијата во судството и обвинителството, затоа што мора еднаш засекогаш да…

October 1, 2025
МАКЕДОНИЈА

Мицкоски: 23 Октомври е завет дека Македонија никогаш нема да биде ничија туѓа мисла, туку вечен порив за слобода

Секој народ се изроди низ борба, откажувања, безброј жртви и силна вера и копнеж за својата слобода. Нашиот, иако по…

October 23, 2025
МАКЕДОНИЈА

„Борбата беше жестока“: Мицкоски за случувањата околу извештајот за Македонија на Вајц

Премиерот Христијан Мицкоски денеска во врска со усвојувањето на извештајот на Томас Вајц во Комитетот за надворешни работи (АФЕТ) на…

June 24, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?