Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Ченто: Пресудата за 27-ми април е донесена врз основа на монтирана постапка, со притисоци врз сведоци
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > Blog > Ченто: Пресудата за 27-ми април е донесена врз основа на монтирана постапка, со притисоци врз сведоци
Blog

Ченто: Пресудата за 27-ми април е донесена врз основа на монтирана постапка, со притисоци врз сведоци

Објавено April 27, 2026 14:13
Сподели
Сподели

Стоиме пред вас како луѓе кои 8 години се соочуваат со системска неправда, истакна Јане Ченто кој поднесе кривична пријава против поранешниот јавен обвинител Вилма Рускоска за попречување на правдата и злоупотреба на службената положба и овластување.

-Доставивме докази до Јавното обвинителство поврзани со случајот 27-ми април кој сериозно го доведуваат во прашање начинот на кој беше водена истрагата и текот на судскиот процес. Доказите укажуваат на комуникација меѓу висок функционер и еден од клучните сведоци во таа постапка, меѓу брат на еден висок функционер и сведок, на можни договори со обвинителот, како и насочување за сведочењето кое го даде сведокот во таа постапка. Сведокот со изјава заверена на нотар изјавува дека неговиот претходен исказ даден во постапката бил невистинит и дека на истиот му било ветено дека ќе му се помогне во други кривични постапки доколку даде таков исказ, рече Ченто.

Посочи дека дополнително, постои и вештачење од овластен судски вештак на мобилни телефони, кое ја поткрепува изјавата на сведокот заверена кај нотар.

Ченто го повика ЈО темелно да ја разгледа кривичната пријава и доставените докази.

Според Ченто, ова не е обичен случај, туку, како што вели, станува збор за основано сомневање дека биле користени незаконити докази, дека се вршел притисок врз сведоци и дека е донесена пресуда врз основа на монтирана постапка.

-Ова денес не е политичка изјава, туку чекор заснован на документи и сериозни сомнежи за сторени кривични дела. Сите докази со кои располагаме се доставени до Јавното обвинителство и очекуваме тие да постапат професионално и без одлагање – рече тој.

Од Јавното обвинителство велат дека пријавата ќе биде примена и ќе се проверат наводите.

-Како и секоја пријава ќе биде примена и ќе се проверат наводите – велат оттаму.

Апелациониот суд минатата недела донесе одлука со која не го прифати барањето за повторно судење на осудените за насилството при упадот во Собранието на 27 април 2017 година.

-Жалбата е неоснована. Судот го ценеше жалбениот наод за сторена суштествена повреда на одредбите на кривичната постапка од член 415 ст.1 т.11 од ЗКП, меѓутоа истиот не го прифати како основан, со оглед да образложеното решение не содржи такви недсостатоци поради кои што не би можело да биде испитано во однос на неговата правилност и законитост, изреката на решението е јасна и разбирлива, а во образложението се содржани доволно причини за решителните факти и заземени правни ставови на судот, се вели во одлуката на Апелација, која е потврда на решението на Кривичниот суд од декември.

Јане Ченто заедно со уште 15 други лица во 2019 година беше правосилно осуден на 13 годишна затворска казна под обвинение за „терористичко загрозување на уставниот поредок“ а во предметот „27 април“ поврзан со упадот во Собранието. Предметот го судеше судијката Добрила Кацарска, сега судијка во Уставниот суд.

Дел од обвинетите во случајот добија амнестија со законот кој беше донесен во Собранието кон крајот на 2018.

 

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Атина има околу 800 илјади жители, а ја посетуваат 8 милиони туристи
Следна Статија Снежна бура ја погоди Москва

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Google touts ‘Pixel Colors Through the Years’ – here’s a look back [Gallery] – 9to5Google

Before the next cycle begins, Google posted a fun “Pixel Colors Through the Years” infographic today that...

February 27, 2026
Blog

TikTok казнет со 530 милиони евра поради неусогласена заштита на податоци на корисниците

Ирската комисија за заштита на податоци (DPC) соопшти дека TikTok, кој е во сопственост на кинеската компанија ByteDance, не успеал…

May 2, 2025

Man Arrested For Reported DUI Outside of Nancy Guthrie’s Home – TMZ

A strange situation unfolded late Thursday evening outside of the home where Nancy Guthrie was abducted earlier this month ...…

March 3, 2026
Blog

Лидл е посветен на изградба на модерна, енергетски ефикасна и безбедна инфраструктура во согласност со меѓународните стандарди

Во соработка на „Лидл Македонија“, Министерството за транспорт и Стопанската комора на Македонија, во Скопје се одржа конференција „Бизнис-со-бизнис“ посветена…

May 30, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?