Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Четворица загинати при уривањето на зграда во реновирање во Мадрид
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > СВЕТ > Четворица загинати при уривањето на зграда во реновирање во Мадрид
СВЕТ

Четворица загинати при уривањето на зграда во реновирање во Мадрид

Објавено October 8, 2025 09:00
Сподели
Сподели

Четири лица загинаа откако се урна зграда во реновирање во центарот на Мадрид, објави државниот радиодифузер RTVE рано утринава, повикувајќи се на службите за итни случаи кои велат дека сите тела се пронајдени, пренесе ДПА.

-Две тела беа пронајдени во урнатините доцна синоќа, речиси 10 часа по несреќата, изјави градоначалникот на градот, Хозе Мартинез Алмеида. Уште две беа пронајдени и извлечени кратко пред 3 часот утринава, објави RTVE.

Четири лица првично беа пријавени како исчезнати, вклучувајќи тројца мажи и една жена. Властите соопштија дека жената била водечки архитект на проектот.

Властите соопштија, дека при уривањето на објектот тројца работници се повредени, од кои двајца полесно и еден има скршена нога.

Шесткатната зграда делумно се урна вчера, непосредно по 13 часот, во близина на Плаза де Изабел II, позната и како Плаза де Опера. Зградата се реновираше веќе некое време, пренесува ДПА.

„Неколку тавански конструкции на зградата, која беше во процес на реновирање, се урнаа“, изјави Беатрис Мартин, портпаролка на службите за итни случаи на Мадрид, додавајќи дека е „прерано“ да се шпекулира за причината.

Очевидци пријавија силен тресок проследен со густ облак од прашина. „Одеднаш не можевте ништо да видите“, изјави за RTVE Хозе, работник од блискиот бар.

„Звучеше како бомба, сите бевме многу исплашени“, рече Бојана, вработена во пекара во близина на местото на несреќата.

Шеснаесет единици на противпожарната бригада на Мадрид беа распоредени за да ги обезбедат остатоците, да спречат понатамошни уривања и да бараат потенцијално затрупани лица. Исто така, беа користени кучиња трагачи и беспилотни летала, а службите за итни случаи опширно ја опколија областа.

Според RTVE, зградата, во која претходно се наоѓаа канцеларии, добила одобрение за пренамена во туристички сместувачки капацитет. Градот ја издал лиценцата за новата употреба во февруари, објави радиодифузерот, пренесува ДПА.

 

#Internacional | Caos en el centro de Madrid tras el derrumbe parcial del forjado de un edificio en obrashttps://t.co/KyEzuUsdCH pic.twitter.com/JvcL5tfAws

— W Radio Colombia (@WRadioColombia) October 7, 2025

 

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Која храна треба повеќе да се консумира за време на процесот на слабеење?
Следна Статија Во Македонија недостигаат 6.000 медицински сестри

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

СВЕТ

Нов хаос во Шпанија, бројни возови и линии блокирани по кражба на кабли: Ова е сериозна саботажа

Железничкиот сообраќај во Шпанија влезе втор ден на хаос откако беа украдени кабли на линијата помеѓу Мадрид и Севиља, што…

May 5, 2025
СВЕТ

Претседателот на Јужна Кореја отповикан по неуспешната воена состојба

Парламентот на Јужна Кореја во саботата гласаше за отповикување на претседателот Јун Сук Јеол додека властите ги истражуваат наводите за…

December 14, 2024
СВЕТ

УСАИД го кеширал Сорос за соборување на власта во Македонија и поддршка на левичарски агенди

Американката агенција за меѓународен развој УСАИД давала пари на фондацијата Отворено општество на Џорџ Сорос со кои се влијаело на…

February 4, 2025
СВЕТ

(ВИДЕО) По 32 часа под урнатините спасени мајка и новороденче и татко и син во Венецуела

Среде трагедијата предизвикана од разорните земјотреси во Венецуела, спасувачките екипи успеаја да извлечат жива мајка и нејзиното 18-дневно бебе од…

June 29, 2026
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?