Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Четворица кандидати досега се пријавиле на Огласот за државен јавен обвинител, рокот истекува на полноќ
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > МАКЕДОНИЈА > Четворица кандидати досега се пријавиле на Огласот за државен јавен обвинител, рокот истекува на полноќ
МАКЕДОНИЈА

Четворица кандидати досега се пријавиле на Огласот за државен јавен обвинител, рокот истекува на полноќ

Објавено January 26, 2026 13:55
Сподели
Сподели

До денеска вкупно четири пријави пристигнале на Огласот на Собранието за јавен обвинител на Република Македонија.

Од Собраниската прес – служба, потврдуваат дека до Архивата на Собранието се поднесени четири пријави за оваа позиција, но не откриваат детали за тоа кои се подносителите.

Рокот за аплицирање согласно Законот, истекува денеска на полноќ.

Својата кандидатура за огласот за јавен обвинител на Република Македонија, што го распиша Собранието, досега ја потврди поранешниот претседател на Основниот суд Скопје Владимир Панчевски. Во пријавата на Панчевски поднесена на 21 јануари до Собранието се наведува дека тој ги исполнува сите законски услови за извршување на функцијата државен јавен обвинител.

Во прилог до надлежните органи доставил целосна предлог-документација и докази за исполнување на општите услови утврдени во член 61 од Законот за Јавното обвинителство, како и докази за исполнување на посебните услови од член 62 став 1 алинеја 1 од овој закон – се наведува во пријавата од Панчевски до Собранието.

Пријавување за функцијата најави и поранешниот виш јавен обвинител на скопското Вишо јавно обвинителство, Мустафа Хајрулахи.

Љупчо Коцевски во декември лани поднесе неотповиклива оставка на функцијата државен јавен обвинител. До изборот на нов за вршител на должноста е избрана Анита Тополова-Исајловска, досегашен заменик-републички јавен обвинител.

Постапката за избор на нов државен јавен обвинител почна со огласот што го распиша Собранието на 12 јануари годинава, со рок за пријавување од 15 дена од денот на објавувањето во „Службен весник“. Кандидатите мора да имаат непрекинат работен стаж од најмалку 10 години како јавни обвинители или судии од областа на кривичното право.

Според Законот за јавно обвинителство, добиените кандидатури се препраќаат до Влада. По пријавувањето, Владата бара мислење од Советот на јавни обвинители за сите кандидати. Советот е должен да достави образложени мислења во рок од 15 дена. Доколку Советот не даде позитивно мислење за ниту еден од пријавените кандидати, Владата не може да утврди предлог и му предлага на Собранието распишување нов оглас.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Стојаноски: Заеднички именител за Филипче и Ахмети е криминалот, сега во опозиција се здружени и против граѓаните и нивната безбедност
Следна Статија Клинички центар добива две монтажни катни гаражи, нови 500 паркинг места

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

МАКЕДОНИЈА

Мицкоски: Барам смена на Љупчо Коцевски, не си ја врши својата работа добро

Премиерот Христијан Мицкоски во гостување во „Топ тема“ на ТВ Телма се осврна на работата на јавниот обвинител Љупчо Коцевски,…

November 19, 2025
МАКЕДОНИЈА

Прилепските мечкари – традиција од преку 100 години за безвременско постоење

Облечени се во кожи. Јагнешки, јарешки, овчи. Накитени на појасот со клопотарци, ѕвонци. Сите тешки, некои стари од век и…

February 22, 2026
МАКЕДОНИЈА

Тошковски: Оној што управува автомобил повеќе од 90 од дозволеното не заслужува возачка дозвола

Во декември ќе започне тест периодот на „Сејф сити“, а системот ќе стартува на први јануари следната година најави денееска…

August 28, 2025
МАКЕДОНИЈА

Десет млади лица ќе учат за пилоти, а АЦВ ќе плати половина од сумата за обуката

Десет млади лица ќе учат за пилоти. Агенцијата за цивилно воздухопловство ќе плати половина од парите потребни за нивна обука…

August 1, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?