Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Кам, Тинекс, Веро и Рептил се маркетите кои меѓусебно договарале цени
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > ЕКОНОМИЈА > Кам, Тинекс, Веро и Рептил се маркетите кои меѓусебно договарале цени
ЕКОНОМИЈА

Кам, Тинекс, Веро и Рептил се маркетите кои меѓусебно договарале цени

Објавено February 21, 2025 10:33
Сподели
Сподели

КАМ, ТИНЕКС, ВЕРО и РЕПТИЛ се синџирите маркети кои меѓусебно договарале цени и кои биле фатени од Комисијата за заштита на конкуренцијата, објави НетПрес, повикувајќи се на сопствени доброупатени извори.

КАМ, ТИНЕКС, ВЕРО и РЕПТИЛ биле откриени при ненајавен увид на надлежните државни органи.

„Увидот е извршен поради постоење на сомневање дека неколку синџири на маркети кои вршат трговија на мало со прехранбени и непрехранбени производи го прекршиле член 7 од Законот за заштита на конкуренцијата, кој забранува картели односно забранува договори и усогласено однесување на две или повеќе претпријатија, а се со цел нарушување на конкуренцијата“, објави Комисијата за заштита на конкуренцијата.

На страница на социјалната мрежа Фејсбук на оваа државна институција е наведено:

„При контролата во службените простории на правните лица, извршен е увид во службената документација и направен е и увид во средствата за електронска комуникација при што се пронајдени докази дека истите донеле незаконита одлука која и јавно ја објавиле преку средствата за јавно информирање“.

Како што се посочува, контролираните субјекти спротивно на Законот за заштита на конкуренцијата донеле забранета одлука односно се договориле дека ќе делуваат усогласено и нема да набавуваат стоки од добавувачи кои ќе достават нови ценовници за нивните производи, поради што е поведена прекршочна постапка. Комисијата за заштита на конкуренцијата, понатака информира дека интензивно врши контроли кај повеќе правни субјекти кои имаат свој удел во синџирот на снабдување со земјоделски и прехранбени производи и ќе преземе најригорозни мерки и санкции на секое нарушување на конкуренцијата на пазарот и нема да дозволи никакво изигрување на законите на штета на граѓаните.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија (Видео) Канада ги победи САД во хокеј; Трудо: Не можете да ни ја земете земјата
Следна Статија Американски мултимилијардер планира да го купи Тик-Ток, нуди астрономска бројка

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

ЕКОНОМИЈА

„Новогодишна кошница“ – 900 производи од денеска со пониски цени, инспекторите на терен

Стартува акцијата „Новогодишна кошница“ со која до 15 јануари над 900 производи опфатени со акциската листа треба да се продаваат…

December 15, 2024
ЕКОНОМИЈА

Состанок со Одделот за статистика на ММФ: Народната банка бележи континуиран прогрес во областа на статистиката

Народната банка дисеминира статистички податоци според највисокиот стандард на Меѓународниот монетарен фонд, беше посочено на состанокот помеѓу гувернерката на Народната…

October 27, 2024
ЕКОНОМИЈА

Circle и Binance во стратешко партнерство за забрзување на глобалното усвојување на USDC и криптовалути

Водечките компании во крипто индустријата, Circle Internet Group Inc. и Binance, објавија ново стратешко партнерство на Финансиската недела во Абу…

December 11, 2024
ЕКОНОМИЈА

Новини на сметките за струја: Корисниците ќе знаат дали броилото е читано

РКЕ најави дека најдоцна за два месеца граѓаните ќе добиваат појасни информации на сметките за струја – ќе биде наведено…

June 7, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?