Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Четири хороскопски знаци кои се тешки за разбирање
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > ЗАБАВА > Четири хороскопски знаци кои се тешки за разбирање
ЗАБАВА

Четири хороскопски знаци кои се тешки за разбирање

Објавено February 4, 2026 21:06
Сподели
Сподели

Може да има повеќе причини зошто некои луѓе се потешки за разбирање од останатите, но доколку се земе предвид астрологијата, тоа е поврзано со енергијата на секој од знаците. Со други зборови, важно е дали знакот е огнен, воздушен, земјен или воден, вели астрологот Џенифер Лакшми Дав.

Соодветно на нивната енергија, постојат три начини на кои може да се опише односот на секој знак со оние околу него. Овенот, Вагата, Ракот и Јарецот се таканаречени кардинални знаци. Бикот, Лавот, Скорпијата и Водолијата се сталожени, а Близнаците, Девицата, Стрелецот и Рибите се променливи знаци. Според Дав, најтешко е да се разберат знаците кои се во „сталожената“ група.

Овие знаци се весели и љубезни, но понекогаш збунуваат со своето однесување. Тие сакаат да бидат со луѓе, но потребен им е и личен простор. Освен тоа, тие делуваат само кога се подготвени, а знаат да се побунат доколку се под притисок.


Бик

Луѓето родени во овој знак понекогаш се тврдоглави. Тие може да ви кажуваат нешто што не го мислат и ќе ви биде потребно време да го откриете тоа бидејќи сѐ е споро кај Биковите. Со Биковите владее Венера, но тие понекогаш не им ја даваат целата љубов на партнерите. Имаат нежно срце, но тоа го кријат за да изгледаат храбри.

За луѓето кои живеат со Бик се препорачува поставување едноставни прашања кои ќе го поттикнат да се отвори.

Лав
Луѓето родени во знакот Лав веројатно се најтешки за читање. Со нив владее Сонцето, а имаат репутација дека се екстровертни и секогаш подготвени за забава. Добро се снаоѓаат на сцена и сакаат да бидат во центарот на вниманието. Меѓутоа, кога ќе се изгаснат светлата, тие се малку срамежливи и се повлекуваат во себе. Тие блескаат во јавноста, но потоа им е потребно време да се вратат во нормала.

Лавовите често знаат да издвојат цел ден кој ќе си го посветат себеси и во кој не сакаат никој да ги вознемирува. Ова однесување може да биде збунувачко.

Скорпија
Индивидуалците родени во овој знак се полни со мистерија. Имаат репутација на луѓе со емоции и тоа е вистина. Но, точно е и дека не можете да им наметнете нешто на Скорпиите. Тие нема да прифатат нешто доколку не го сакаат, без разлика на притисокот.

Скорпијата има силни емоции, но ги чува за себе. Луѓето родени во овој знак имаат емоционална интелигенција и сакаат да се поврзуваат со останатите, но истовремено се и неодлучни кога треба да се отворат. Тешко е да се прочита некој што истовремено има силни емоции и е затворен и оддалечен. За овој знак, верноста е многу важна. За да се отворат, Скорпиите треба да се чувствуваат сигурни и да му веруваат на соговорникот.

Водолија
Уран владее со луѓето родени во овој знак. Тоа ги прави разиграни и забавни. Од друга страна, тие сакаат да ги анализираат сите работи и секогаш сакаат да се усовршуваат. Често се двоумат пред да дозволат некому да влезе во нивниот љубовен живот. Тие се ексцентрични и интровертни, што ги прави тешки за читање. Освен тоа, тие постојано бараат промени бидејќи не сакаат монотонија.

Ова се луѓе на кои им е потребен простор. Сакаат да покажуваат љубов и приврзаност, но тоа мора да биде во баланс со нивната потреба за самотија.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Одржано подготвително рочиште за случајот „Крмзов“, првото рочиште закажано за 27 март
Следна Статија Том Круз се сели од Лондон: Се чувствува небезбеден по грабеж во продавница „Ролекс“ во неговата зграда

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

ЗАБАВА

Најдобрите Nintendo понуди за Црн Петок 2025: Попусти на Switch конзоли, игри и повеќе

Еве што е достапно сега кога Nintendo официјалната Црн Петок 2025 продажба е веќе активна кај сите големи малопродажни трговци.

November 30, 2025
ЗАБАВА

Maрија Шерифовиќ го покажа синот

Пејачката Марија Шерифовиќ го покажа синот.Марио веќе не е бебе и ползи и и си игра на подот.Мајката објави фотографија…

December 27, 2024
ЗАБАВА

Алфа Ромео Џулија Квадрифоглио доби специјално издание со необичен спојлер

Според Алфа, сите 10 примероци веќе се продадени, што значи дека нарачката е веќе направена или воопшто не е важна.

January 12, 2026
ЗАБАВА

(ФОТО) Шилегов има причина за славење, сподели среќни вести за ќерката Симона

Дипломираше ќерката на Шилегов , поранешниот градоначалнил на Скопје. Тој постираше неколку фотографии на социјалните мрежи на кои е заедно…

November 24, 2024
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?