Доктор Андон Чибишев изрази сериозна загриженост поради пожарот во фабриката за рециклирање електронски отпад, посочувајќи на високите здравствени ризици кои произлегуваат од согорувањето на ваков вид материјал.
„Сериозно ме вознемири веста дека е запалена фабрика за рециклирање на електронски отпад. При горење на електронски отпад се ослободуваат голема количина на екстремно токсични гасови кои содржат јаглерод моноксид, јаглерод диоксид, флуороводород и пареи од тешки метали како олово, жива, кадмиум и арсен“, предупреди доктор Чибишев.