Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Чибишев: Европски држави нудат помош за рехабилитација на повредените во Кочани
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > ЗДРАВЈЕ > Чибишев: Европски држави нудат помош за рехабилитација на повредените во Кочани
ЗДРАВЈЕ

Чибишев: Европски држави нудат помош за рехабилитација на повредените во Кочани

Објавено April 6, 2025 11:16
Сподели
Сподели

Некои од настраданите во Кочани кои го напуштија болничкото лекување, се јавуваат на Клиниката за Токсикологија, жалејќи се на вртоглавици и главоболки. За првиот човек на Клиниката, Андон Чибушев, тоа е очекувано, меѓутоа стравува од можни посериозни комликации во иднина како „пореметена меморија и неспособност за концетрација“ пренесува РСЕ.

Докторе Чибишев, колку вкупно од повредените во пожарот во Кочани беа примени во Kлиниката и дали се уште имате хоспитализирани пациенти?

Во првите неколку дена, добар дел од пациентите кои настрадаа во трагедијата во Кочани поминаа преку нашата Kлиника, особено кои имаа инхалаторни повреди, односно вдишано од отровните гасови кои се ослободуваа при горењето на покривот во дискотеката. Досега преку нашата клиника се поминати повеќе од 40 пациенти, затоа што иницијално ние примивме 17 пациенти, од кои еден дел во текот на престојот во првите два дена се влошуваа и имаше потреба да ги префрламе на други клиники каде им требаше дополнителна друга помош.

Tретиот дел, беа трансферирани во странство во државите кои ни се понудија на помош. После една недела кога ситуацијата минимално се релаксира, еден дел од пациентите од другите клиники кои немаа потреба да бидат третирани таму се враќаа кај нас и добар дел од пациентите кои се враќаа од странство и имаа инхалаторни повреди, беа примани кај нас на 24 часовна опсервација. Притоа им беа правени одредени токсиколошки иследувања и ако тие беа во рамките на референтни вредности, практично ги пуштавме дома.

Сите пациенти практично кои се вратија во државата поминаа низ нашата Клиника, затоа што Кризниот штаб кој ја менаџираше целата ситуација зазема став – сите пациенти воопшто што побараа помош и тие што се вратија да бидат конзилијарно прегледани од анестиолог, пластичен хирург, токсиколог и психијатар. Ние на тоа максимално се придржувавме и сметам дека тоа даде одлични резултати.

Ќе биде потребен пократок или подолг рок за опоравување?

Труењето со гасови може актутно да направи големи проблеми во однос на здравствената состојба на една индивидуа, дури може да предизвика и смрт во зависност од тоа колкава е концентрацијата на отровните гасови и колку долго траело изложувањето на таа атмосфера во која има зголемена концентрација на отровни гасови.

Во случајов, екстремно зголемена концентрација на јаглероден моноксид. Меѓутоа, кога горат органски материи како во Кочани, според моите информации таму горела пластика која содржи полиоретан. Полиоретанот кога гори покрај тоа што ослободува високи концентрации на јаглероден моноксид, ослободува уште еден екстремно токсичен гас, цијанводород.

Кој исто така, може за кратко време да направи сериозни пореметувања во функционирањето на човечкиот организам. И двата овие гаса во комбинација, предизвикуваат пореметување на клеточното дишење, на два различни начини.

Јаглеродниот моноксид има 270 пати поголем анфинитет кон хемоглобинот во човечкиот организам кој е задолжен за пренос на кислородот во процесот на дишењето. А цијанводорот директно го пореметува клеточното дишење и предизвикува т.н. клеточно задушување. Тие два процеси комплетно го блокираат дишењето во организмот. Организмот ќе остане без кислород и целиот организам, клетките почнуваат да изумираат, да ја губат својата функција и со тоа практично почнува да престануваат сите витални функции и настапува смрт.

Повеќе на РСЕ

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Мицкоски: Владата функционира обединето и единствено, мнозинството е стабилно
Следна Статија Албански банди ја користат Британија за перење на крвави пари

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

ЗДРАВЈЕ

Вонреден мониторинг на водата за пиење во Скопје, еве што покажаа резултатите

Секторот Санитарна контрола на ЈП Водовод и канализација – Скопје на ден 01.06.2025 година изврши вонреден мониторинг на водоснабдителниот систем…

June 1, 2025
ЗДРАВЈЕ

Откриен нов дел од имунолошкиот систем клучен за борба против бактериите

Науката откри нов дел од имунолошкиот систем којшто може да биде клучен во борбата против бактериските инфекции и отпорноста на…

March 6, 2025
ЗДРАВЈЕ

Дијабетичарите во Македонија немаат доволно инсулински пумпи

Само 300 пациенти со дијабетес тип 1 имаат пристап до инсулински пумпи, а тоа остава огромен број други без вакви…

May 5, 2025
ЗДРАВЈЕ

Експерти од странство ќе проверуваат дали се извршувале непотребни операции за профит, по укажувањето на кардиологот Кедев

Експерти од странство, кардилози и кардиохирузи, но не од регионот, туку од Европа ќе проверуваат дали во Македонија се извршувале…

August 21, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?