Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Шведска стана првата земја без чад од тутун со помош на алтернативи
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > Blog > Шведска стана првата земја без чад од тутун со помош на алтернативи
Blog

Шведска стана првата земја без чад од тутун со помош на алтернативи

Објавено February 14, 2025 18:21
Сподели
Сподели

Шведска постигна историски успех со тоа што стана официјално првата земја во светот без чад од тутун. Швеѓаните ја постигнаа оваа цел 16 години пред планираниот рок на Европската унија, додека повеќето други земји-членки имаат потешкотии да ја постигнат таа цел, велат експертите.

Според официјалните здравствени податоци од шведската агенција за јавно здравје, само 4,5% од возрасните родени во Шведска пушат, што е значително под глобално прифатениот стандард од 5%. Во Европа, просечната стапка на пушење е пет пати поголема – 24%.

Овој извонреден успех швеѓаните го должат на пионерската политика во промовирањето на побезбедни алтернативи за цигарите. Д-р Делон Хуман, водач на иницијативата Шведска без чад, изјави:

„Ова извонредно достигнување означува значаен момент за глобалното јавно здравје и е доказ за прогресивните политики на шведскиот пристап за контрола на тутунот“. Во 1960-тите, речиси половина од мажите во Шведска беа пушачи. Со прифаќање на алтернативните никотински производи, Шведска отвори јасен пат кон општество без чад, истовремено заштитувајќи го јавното здравје“.

Новата статистика покажува дека 5,3% од сите возрасни луѓе во Шведска, вклучувајќи ги и имигрантите, сè уште пушат. Интересно е тоа што луѓето родени надвор од Шведска имаат три пати поголема веројатност да пушат од оние што се родени во Шведска.

Д-р Андерс Милтон, поранешен претседател и генерален директор на Светската медицинска асоцијација, истакнува:

„Клучот за успехот на Шведска е прагматичниот пристап кон намалување на штетата, а не забраните. Широка палета на побезбедни никотински производи со различни јачини и вкусови легално е достапна и онлајн и во продавниците. Оваа политика, заедно со специфичната фискална политика која овозможува поповолни цени за производите без чад, ги охрабри шведските потрошувачи да донесуваат поздрави одлуки“.

Благодарение на оваа стратегија, Шведска има најниска стапка на болести поврзани со пушењето во ЕУ и дури 41% помала инциденца на рак од другите европски земји.

ФДА поддржува алтернативни производи

Американската агенција за храна и лекови (ФДА) ја одобри комерцијализацијата на 20 никотински производи ZYN, по обемна научна анализа, потврдувајќи дека никотинот не е канцероген.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Потпишан Меморандум за соработка помеѓу Државниот завод за ревизија и Институтот на сметководители и овластени сметководители
Следна Статија K-15 A Be Ce

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Blog

(ВИДЕО) Меган Маркл доживеа целосен дебакл

Новата серија „Меган Маркл, со љубов, Меган“ пристигна на Нетфликс на 4 март, а веќе доби еден тон критики. Бројни…

March 5, 2025
Blog

EES системот го блокираше влезот во Хрватска, патниците чекаат со часови

Новиот европски систем за влез и излез, EES, кој денеска целосно стапи во сила на надворешните шенгенски граници, предизвика долги…

April 10, 2026
Blog

Поевтино од кај нас: Објавена цената на метар квадратен во Црна Гора

Просечната цена на метар квадратен на нов стан во Црна Гора за четвртиот квартал од 2024 година е 1.936 евра,…

February 21, 2025
Blog

Uh Oh: Male Mosquitoes Can Feed on Our Blood, Too – Gizmodo

The findings might overturn a widely held belief that only females pose a disease risk to people, though more research…

December 28, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?