Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Шверцале злато вредно 500.000 евра: Брачен пар од Антверпен фатен на скопскиот аеродром
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > ХРОНИКА > Шверцале злато вредно 500.000 евра: Брачен пар од Антверпен фатен на скопскиот аеродром
ХРОНИКА

Шверцале злато вредно 500.000 евра: Брачен пар од Антверпен фатен на скопскиот аеродром

Објавено April 7, 2025 16:53
Сподели
Сподели

Маж и жена од Антверпен, вчера пристигнале во земјава со лет од Виена, па избегнувајќи ја царинската контрола на аеродромот во Скопје, пренеле непријавени стоки – вкупно 209 парчиња златен накит со тежина од 1.711,1 грама и во вкупна вредност од 479.555 евра, соопшти денеска Јавното обвинителство.

Основното јавно обвинителство Скопје донело Наредба за спроведување истражна постапка против две лица, белгиски државјани, кои се осомничени дека како соизвршители сториле кривично дело – Криумчарење согласно член 278 став 3 во врска со став 1 од Кривичниот законик.

Осомничените, како што е наведено во соопштението од Обвинителството, откако ја поминале пасошката контрола на Аеродромот во Скопје, поминале на зелениот канал, каде што поминуваат патници кои немаат стока за пријавување, а второосомничениот при селекција од страна на царинскиот службеник бил упатен на преглед на личниот багаж на скенер, каде било забележано дека двата куфери се наполнети со празни кутии за накит и други непријавени предмети. Тој појаснил дека патува со неговата сопруга која е првоосомничена и дека таа ја поминала пасошката контрола. Нешто подоцна осомничената се вратила и при дополнителен царински преглед, во личниот багаж – ранецот кој го носела била пронајдена непријавената стока – златен накит, која и била одземена.

Јавниот обвинител до судијата на претходна постапка доставил предлог за определување мерка притвор за двајцата странски државјани осомничени за криумчарење на стока која е во вредност од големи размери.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Од полноќ минимално поевтинување на горивата
Следна Статија Туфегџиќ: Исказот на Ѓорчевски ја разоткрива неоснованоста на обвинението

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

ХРОНИКА

Сведок од СВР Велес потврди дека пиштолот на Видевски не е најден

Сведок од СВР Велес предложен од првообвинетиот Љупчо Палевски настапи на денешното судско рочиште за убиството на 14-годишната Вања Ѓорчевска…

March 5, 2025
ХРОНИКА

Го пријавиле за починат за да му го земат имотот

Вчера во 15.20 часот во СВР Тетово, од страна на 80-годишниот А.И било пријавено дека во 2017 година без негово…

October 26, 2024
ХРОНИКА

Ново судско рочиште за убиството на Вања и Панче, прво откако сведокот Гоце Трајковски минатата недела сам се пријави во полиција

Во Основниот кривичен суд Скопје денеска треба да продолжи судењето за убиството на малолетната Вања Ѓорчевска и велешанецот Панче Жежовски,…

January 27, 2025
ХРОНИКА

27-годишна кратовчанка пронајдена мртва откако паднала од зграда во Скопје

Вчера во 16:12 часот во СВР – Скопје било пријавено дека на улицата „Миле Поп Јорданов“, женско лице паднало од…

January 4, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?