Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Швеѓаните почнаа да бојкотираат американски производи како одговор на промената на американската политика
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > Blog > Швеѓаните почнаа да бојкотираат американски производи како одговор на промената на американската политика
Blog

Швеѓаните почнаа да бојкотираат американски производи како одговор на промената на американската политика

Објавено March 9, 2025 09:42
Сподели
Сподели

Серијата движења кои повикуваат на бојкот се одговор на промените во американската политика, вклучително и оние поврзани со руската агресија во Украина и царините за европските производи. Застапниците на бојкотот веруваат дека тоа ќе изврши притисок врз американската администрација.

Вакви движења за бојкот на производите од САД има и во Шведска, а се организирани преку социјалната мрежа Фејсбук. Имено, на Фејсбук се формирани групите „Boykot varer fra USA“ која обединува 67.000 корисници на оваа социјална мрежа и „Bojkotta varor från USA“ која собира повеќе од 70.000 корисници.

Од Швеѓаните се бара да не купуваат производи и услуги од некои од водечките американски брендови, вклучувајќи ги Мекдоналдс, Кока-Кола, Најк, Левис, Нетфликс, Гугл и Ербнб.

Јанике Кохинур, креаторката на групата „Бојкотирам УСА стока“, рече дека се чувствува должна да го стори тоа, иако е шведска државјанка.

„Бидејќи не можам да гласам на американските избори и да протестирам на американските улици, почувствував дека морам да направам нешто“, рече Кохинур.

Нејзината страница споделува препораки за алтернативни производи на американските, но за некои не е лесно да се бојкотира.

“Тешко е бидејќи сè има американско влијание. Така што е навистина тешко. Тогаш треба да бојкотирате речиси се”, напишал еден од членовите на споменатата група на Фејсбук.

Понатаму, еден член напиша дека ја разбира иницијативата, но призна дека може да биде тешко да се убедат луѓето да ги бојкотираат американските производи бидејќи кога купуваат, тие можеби не размислуваат од каде доаѓаат тие производи.

Кохинур истакна дека била критикувана за основањето на групата на социјалната мрежа во сопственост на американскиот технолошки конгломерат Мета. Сепак, како што наведе таа, нема подобра алтернатива и дека луѓето ќе мора да се менуваат како што ќе се појават алтернативите, пишува Euronews.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Дете падна од балкон на четврти кат од зграда во Сараево, почина во болница
Следна Статија Милошоски: Пендаровски ако не може или не сака да ѝ помага на Македонија, барем нека не ѝ одмага

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Blog

Потонаа цените на акциите на Волстрит и Европа поради царините на Трамп

Цените на акциите на Волстрит остро паднаа на почетокот на тргувањето денеска , еден ден откако американскиот претседател Доналд Трамп…

April 3, 2025
Blog

Предупредувањето на Кени Аткинсон стана реалност во загубата на Кавалерси со 114-104 против Houston Rockets

Кливленд беше поразен од Houston Rockets со 114-104 во средата навечер. Со тоа заврши победниот серијал од два натпревари на…

November 21, 2025

NieR:Automata “To Be Continued” As Sales Hit Another Milestone – Nintendo Life

10,000,000.0000000 (and counting)

February 22, 2026
Blog

ТОП 5 европски градови во кои богатите избираат да живеат

Милионерите сè повеќе ги разгледуваат европските градови како дестинации за релокација, но еден град изненадувачки не влегува ниту во првите…

October 21, 2024
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?