Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Швеѓаните почнаа да бојкотираат американски производи како одговор на промената на американската политика
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > СВЕТ > Швеѓаните почнаа да бојкотираат американски производи како одговор на промената на американската политика
СВЕТ

Швеѓаните почнаа да бојкотираат американски производи како одговор на промената на американската политика

Објавено March 9, 2025 17:45
Сподели
Сподели

Серија движења кои повикуваат на бојкот се одговор на промените во американската политика, вклучително и оние поврзани со руската агресија во Украина и царините за европските производи. Застапниците на бојкотот веруваат дека тоа ќе изврши притисок врз американската администрација.

Вакви движења за бојкот на производите од САД има и во Шведска, а се организирани преку социјалната мрежа Фејсбук. Имено, на Фејсбук се формирани групите „Boykot varer fra USA“ која обединува 67.000 корисници на оваа социјална мрежа и „Bojkotta varor från USA“ која собира повеќе од 70.000 корисници.

Од Швеѓаните се бара да не купуваат производи и услуги од некои од водечките американски брендови, вклучувајќи ги McDonald’s, Coca-Cola, Nike, Levi’s, Netflix, Google и Airbnb.

Јанике Кохинур, креаторката на групата „Bojkotta varor från USA“, рече дека се чувствува должна да го стори тоа, иако е шведска државјанка.

„Бидејќи не можам да гласам на американските избори и да протестирам на американските улици, почувствував дека морам да направам нешто“, рече Кохинур.

Нејзината страница споделува препораки за алтернативни производи на американските, но за некои не е лесно да се бојкотира.

„Тешко е бидејќи сè има американско влијание. Така што е навистина тешко. Тогаш треба да бојкотирате речиси се“, напишал еден од членовите на споменатата група на Фејсбук.

Понатаму, еден член напиша дека ја разбира иницијативата, но призна дека може да биде тешко да се убедат луѓето да ги бојкотираат американските производи бидејќи кога купуваат, тие можеби не размислуваат од каде доаѓаат тие производи.

Кохинур истакна дека била критикувана за основањето на групата на социјалната мрежа во сопственост на американскиот технолошки конгломерат Meta. Сепак, како што наведе таа, нема подобра алтернатива и дека луѓето ќе мора да се менуваат како што ќе се појавуваат алтернативите, пишува Euronews.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Ова се 10-те најбогати жени во светот: Како освоија трилиони долари во нивните индустрии
Следна Статија (ВИДЕО) Трамп во интервју за Фокс Њуз: Зеленски е неблагодарен, а Европа ме нервира

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

СВЕТ

Вашингтон ја тужи администрацијата на Трамп поради распоредување на Националната гарда

Вашингтон денеска поднесе тужба против администрацијата на Доналд Трамп поради распоредувањето на Националната гарда во главниот град на САД. Тужбата,…

September 4, 2025
СВЕТ

(ВИДЕО) Апокалиптични сцени во Аризона, градот е во мрак и хаос од песочната бура

Голем хабуб, песочна бура карактеристична за југозападниот дел на САД, го зафати Феникс синоќа, потопувајќи го градот во речиси целосен…

August 26, 2025
СВЕТ

(Видео) Израелците веат знамиња и танцуваат по улиците, смртта на лидерот на Хамас се славеше и на плажите

Убиството на Јахја Синвар, првиот човек на Хамас, предизвика прослави на улиците на Израел. Граѓаните блокираа улици во Израел. Неколку…

October 18, 2024
СВЕТ

Незапаметена трагедија во Индија, 10 бебиња изгореа во пожар во болница

Десет бебиња изгореа, а 16 се повредени во пожарот што се случил во петокот вечерта во болница во градот Џанси,…

November 16, 2024
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?