Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Шест рецепти за салати со јајца од Велигден
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > ЗАБАВА > Шест рецепти за салати со јајца од Велигден
ЗАБАВА

Шест рецепти за салати со јајца од Велигден

Објавено April 19, 2025 14:31
Сподели
Сподели

Ако ви останат варени јајца од Велигден, можете да ги искористите како основа за некоја од следните оброк салати.

Салатите приготвени со варени јајца се како порачани за деновите после Велигден – хранливи се и можат да го заменат кој било оброк, а воедно ќе ги искористите варените јајца кои веројатно ги имате вишок.

Секако, овие јајца секогаш можете да ги додадете во вашата омилена руска салата, но ако сакате да вкусите нешто со поинаков вкус, имаме неколку предлози.

За почеток, славната „мимоза“ која и своето име го добила по декорацијата од жилчки, а нашите баби секогаш ја правеа во овој период.

I МИМОЗА САЛАТА

Потребни состојки: 4 поголеми компири, 6 јајца, 2-3 чаши кисела павлака, 1 мајонез од 100 г, рендана шунка 200-300 г, половина тегла кисели краставички, 300 г сирење/трапист/кашкавал, сол и црн пипер по вкус Постапка: сварете ги компирите, излупете ги, па откако ќе се оладат, изрендајте ги на крупното ренде. Изрендајте ги и тврдо варените јајца, а потоа и сирењето/кашкавалот. Ситно исечкајте ги шунката и краставичките, а може и нив да ги изрендате.

Павлаката изматете ја заедно со мајонезот.  Декоративен, стаклен сад намастете го со малку масло на дното. Потоа наредете слој од рендани компири, посолете и запиперете, па премачкјате со слој од измешаните павлака и мајонез.

Потоа наредете шунка, па јајца, па сирење, па повторно премачкјате со павлака и мајонез, посолете и запиперете. Повторете ја постапката уште еднаш, а на крај декорирајте со рендана жолчка.

II ПОЛСКА САЛАТА

Потребни состојки: 4 средни компири, 2 средни моркови, 4 јајца, 6 кисели краставички, 2 помали јаболка, 2 лажици густ јогурт, 5 лажици мајонез, 1 лажица сенф, свежа мирудија, со и бибер по вкус Постапка: сварете ги компирите и морковите, а потоа исечкајте ги на коцки. Исечете ги и варените јајца, киселите краставички и јаболката. Ситно исечјате половина китка свежа мирудија/копар. Во посебен сад помешајте јогур, мајонез и сенф. Додајте ги состојките и промешајте додека рамномерно да се изедначат. зачинете по вкус.

III ФРАНЦУСКА САЛАТА СО ЈАЈЦА

Потребни состојки: 4 јајца, 2 поголеми компири, 80 г боранија, 400 г мајонез (или 60/40 мајонез/кисело млеко), сок од еден лимон, 3-4 млади кромитчиња, 3 лажици маслиново масло, сол и црн пипер по вкус, неколку црни маслинки

Постапка: компирот добро измијте го, боранијата исчистете ја, па заедно сварете ги колку да омекнат. Боранијата ситно исечкајте на залак-парчиња, посолете ја и зачинете ја со маслиново масло и сок од половина лимон. Компирот изрендајте го и зачинете го со втората половина од лимоновиот сок, сол и црн пипер.

Варените јајца излупете ги и исто така, изрендајте ги. Во декоративен сад за салати редете: слој боранија, слој компир, мајонез, јајца и повторувајте додека да се потрошат состојките. Украсете со рендани јајца, сечкан млад кромид и црни маслинки.

IV ЛЕСНА САЛАТА ОД ЈАЈЦА

Потребни состојки: 8 јајца, 220 г кисело млеко, 3 лажици мајонез, 1 лажица сенф, 1 лажичка мирудија/копар, 1/4 лажиче лук во прав (или 2 лажички свеж), сол и црн пипер по вкус, 1/4 чаша ситно сечкан целер, 1/4 чаша ситно исечен кромид

Постапка: јајцата треба да бидат тврдо варени, а потоа исечете ги на коцки. Во подлабок сад измешајте кисело млеко, мајонез, сенф и додајте сув копар. Потоа додајте ситно сечкан кромид и целер, па добро промешајте. Во добиената мешавина додајте ги сечканите јајца и повторно промешајте. Зачинете ја салатата и чувајте ја во фрижидер. Може да ја јадете како салата или како намаз.

V АМЕРИКАНСКА САЛАТА ОД ЈАЈЦА

Потребни состојки: 6 јајца, 1 лимон, ворчестер сос, 1 лажица сенф, 4 лажици мајонез, целер, свеж магдонос, млад кромид (5 – 6 перца), 1лажичка кафеав шеќер, сол и црн пипер по вкус Постапка: варените јајца излупете ги и исечете ги на покрупни парчиња. Магдоносот, целерот и младиот кромид исечкајте ги поситно. Во подлабок сад измешајте ги мајонезот, сенфот, лимоновиот сос, ворчестер сос по вкус, па додајте сол, црн пипер и кафеав шеќер, исто така по вкус.

Во оваа мешавина додајте ги сечканите јајца и ситно сечканиот зеленчук. Добро промешајте и и салатата изладете ја. Се послужува како сендвич со интегрален леб и малку марула. Може да ја зачините и со малку мелено чили.

VI САЛАТА ОД ЈАЈЦА И ТУНА

Потребни состојки: 6 јајца, 2 моркови, 60 г сирење/кашкавал, 1 конзерва туна во растително масло, 100 г крем сирење, 1 лажица мајонез, 1 лимон, 6 кисели краставички, сол и црн пипер по вкус Постапка: сварете го морковот, па исечкајте го на помали парчиња. Исечкајте ги и краставичките, па промешајте сè со мајонезот, крем сирењето и туната. Зачинете со сол и црн пипер по вкус.

Излупете го лимонот и исечкајте на ситни парчиња, па додајте ги во салатата и промешајте. Издробете го сирењето, а јајцата исечкајте ги ситно, па и нив додајте ги во салатата. Промешајте сè и сервирајте како ладна салата.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија (ФОТО) Нема јајца, а и скапи се:Американците бојадисуваат компири наместо јајца
Следна Статија Роналдо би можел да потпише краткорочен договор со Манчестер Сити или Челси

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

ЗАБАВА

Не сакал во Британија да плати 24 евра за достава на пица- заминал на поевтин ручек во Италија

Tiktoker под корисничкото име @muscab_salad се одлучи за необичен потфат. Јадел пица, и кога сфатил дека ќе плати 19,99 фунти…

June 8, 2025
ЗАБАВА

Ноле не го заборави домарот во училиштето каде што учел

Новак Ѓоковиќ открива дека неговиот старомоден домар во средното училиште каде што учел сè уште работи на 79 години и…

May 13, 2025
ЗАБАВА

Три хороскопски знаци излегуваат од тежок период по 10 март 2025 година: Конечно ќе почувствуваат среќа и леснотија

Хороскопот предвидува дека 3 хороскопски знаци ќе излезат од тежок период по 10 март 2025 година. Месечината се израмнува со…

March 11, 2025
ЗАБАВА

Џорџ Клуни го смени имиџот, тера стил на „италијански мафијаш“ 

Џорџ Клуни се појави со Џулија Робертс пред театарот Winter Garden на њујоршкиот Бродвеј, каде се фотографираа со обожавателите и…

April 3, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?