Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Шилегов бара оставка од Филипче објави Скопје1.мк
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > ПОЛИТИКА > Шилегов бара оставка од Филипче објави Скопје1.мк
ПОЛИТИКА

Шилегов бара оставка од Филипче објави Скопје1.мк

Објавено December 18, 2025 15:11
Сподели
Сподели

Поранешниот градоначалник на Скопје и функционер на СДСМ, Петре Шилегов, јавно побара оставка од, како што го нарече, „претседателот“ на СДСМ, Венко Филипче, упатувајќи сериозни обвинувања и прашања за одговорност и мотиви.

„Македонското законодавство познава убиство од небрижност. Познава и убиство со умисла, но не познава (само) убиство со умисла. Или ви е тешка одговорноста? Или ви тежи договорот? Или си СДСМ или си тезгарош“, напиша Шилегов.

Тој додава дека „прашањата ќе ги постави по празниците“, алудирајќи дека, според него, темата намерно се пласира во период кога јавноста е фокусирана на новогодишните и божиќните празници.

По овие обвинувања, со соопштение се огласи и претседателот на СДСМ, Венко Филипче, кој тврди дека партијата „удрила во осино гнездо“ и дека открила, како што вели, „најголема предавничка операција“ која веќе била потпишана, а чија реализација зависи од изборниот резултат.

„Не само што ја забранија темата, туку и се закануваат со затвор. Паниката во редовите на ДПМНЕ е толку голема што веќе не бираат средства“, наведува Филипче, обвинувајќи дека владејачката партија секојдневно пласира лажни вести и наводни афери со цел да го одвлече вниманието од, како што ја нарекува, вистината.

Филипче тврди дека бил направен обид преку еден член на СДСМ да се нанесе штета на партијата, при што, според него, биле искористени лични и финансиски проблеми, како и можни уцени, за да се внесе немир одвнатре.

„Не го доживувам ова како напад врз мене лично, туку како напад врз целата партија и сите нејзини членови“, наведува Филипче, додавајќи дека СДСМ нема да се пресметува со тој член, туку дека ќе се обиде да му помогне.

Во пораката до јавноста, Филипче истакнува дека СДСМ е „на патот на правдата“ и дека, како што вели, никој нема да ја запре борбата за враќање на власта „во рацете на народот“.

„Кој сака – нека се приклучи. Кој не може или не сака – нека остане настрана. Правдата ќе победи“, порачува претседателот на СДСМ.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Вајмо во преговори за подигање на фондови со вредност од 100 милијарди долари
Следна Статија Приведен Бујар Дарлишта од ДУИ и уште десетина лица за економски криминал

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

ПОЛИТИКА

Мицкоски уверува дека тендерската документација за набавката на униформи за полицијата ќе се стави на увид на јавноста, СДСМ обвинува за корупција

Ги повикувам надлежните во Обвинителство и судството и министерот за внатрешни работи да ги повика невладините и да ги стави…

May 28, 2025
ПОЛИТИКА

Дали ДУИ и Левица ја официјализираат соработката во пресрет на вториот круг од локалните избори!

Фотографија од кафе средба меѓу кандидатката на Левица од Тетово и функционер на ДУИ повторно ја отвори дебатата – дали…

October 27, 2025
ПОЛИТИКА

ВЛЕН ќе го поддржи Максим Димитриевски во вториот изборен круг во Куманово

Кандидатот за градоначалник на Куманово од Движењето ЗНАМ, Максим Димитриевски, кој се бори за трет мандат во оваа општина, објави…

October 22, 2025
ПОЛИТИКА

Билал Касами: Ќе бидам градоначалник на сите граѓани

Дел од лидерите и раководни структури на партиите кои ја сочинуваат коалицијата „Вреди“ денеска на градскиот плоштад во Тетово имаа…

October 24, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?