Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Шилегов најави рушење на Филипче
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > МАКЕДОНИЈА > Шилегов најави рушење на Филипче
МАКЕДОНИЈА

Шилегов најави рушење на Филипче

Објавено March 16, 2026 10:45
Сподели
Сподели

Петре Шилегов, најави дека во партијата се подготвува платформа со која ќе се побараат сериозни реформи и одговорност од актуелното раководство.

„Жално е тоа што му се случува на СДСМ. Кадровски сериозно е испразнет. Луѓето што можеа да помагаат, а се СДСМ, очигледно е дека не се пожелни. Сите не дочекаа на нож затоа што укажавме дека начинот на раководење со партијата во последните неколку години ја носи на прагот на политичка егзистенција“, рече Шилегов.

Тој посочи дека изборните резултати покажуваат сериозен пад на поддршката, наведувајќи дека СДСМ во Скопје станал петта политичка сила, а во градови како Битола, Прилеп, Велес и Штип трета.

Шилегов ги отфрли обвинувањата дека со своите ставови работи во корист на владејачката ВМРО-ДПМНЕ, нагласувајќи дека неговиот ангажман е исклучиво насочен кон зајакнување на СДСМ.

„Не може да се случи да работам за ВМРО-ДПМНЕ. Тоа што го правам можам да го правам само за СДСМ“, истакна тој.

Говорејќи за начинот на кој ќе се изрази незадоволството во партијата, Шилегов рече дека процесот е веќе активен и дека постои поголема група социјалдемократи кои не се согласуваат со начинот на кој се води партијата.

„Ќе се обидеме да дојдеме до здрава политичка логика и да ги замолиме луѓето што ја раководат партијата тоа повеќе да не го прават. Да дојдат други луѓе што ќе ја раководат“, рече тој.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија 2 часот и 32 минути, моментот што засекогаш го промени Кочани
Следна Статија Орбан: Ако Европа не ја поддржуваше Украина, веќе ќе имаше мировни преговори

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

МАКЕДОНИЈА

Над една милијарда евра од наплатени приходи во втората половина од 2024 година во Царинската управа

Со доделување на признанија од Светската царинска организација до царински службеници за особени заслуги во зголемувањето на ефективноста на управата…

January 30, 2025
МАКЕДОНИЈА

Се проширува истрагата за ботоксите

Во рамките на истражната постапка што ја води предметен јавен обвинител од Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал…

July 10, 2026
МАКЕДОНИЈА

Тој е светла точка во деновите на темнина: Мицкоски се сретна со јунакот Јован Костадинов

Денес се сретнав со Јован Костадинов, млад човек од Виница, кој во најтешкиот миг покажа што значи храброст, одговорност и…

March 26, 2025
МАКЕДОНИЈА

Еве колку снег има на Попова Шапка и во Маврово, од утре нови врнежи на повеќе места

Попова Шапка и Маврови Анови утрово се најстудените места во државата. На мерните станици на Управата за хидрометеоролошки работи и…

December 22, 2024
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?