Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Шилегов: Се потврди дека актуелното раководство на СДСМ одработува за ВМРО-ДПМНЕ за да избегне кривичен прогон
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > ПОЛИТИКА > Шилегов: Се потврди дека актуелното раководство на СДСМ одработува за ВМРО-ДПМНЕ за да избегне кривичен прогон
ПОЛИТИКА

Шилегов: Се потврди дека актуелното раководство на СДСМ одработува за ВМРО-ДПМНЕ за да избегне кривичен прогон

Објавено March 17, 2026 14:08
Сподели
Сподели

Со иницирањето постапка за негово исклучување од СДСМ, ексградоначалникот на Скопје, Петре Шилегов, вели дека се потврдиле неговите тврдења дека актуелното раководство на Социјалдемократскиот сојуз договорено одработува за ВМРО-ДПМНЕ и за интересите на владејачката партија, а не за СДСМ и неговото членство. Според него, актуелното раководство на СДСМ тоа го прави за да не биде предмет на евентуални кривични истраги.

„Кажав дека е очигледно оти постои договор кој предвидува СДСМ да биде во ваква состојба во којашто е, да ги промашува упорно темите и да дозволи ВМРО-ДПМНЕ да истера два мандати, за сметка на тоа да не бидат предмет на можни евентуални истраги и кривични прогони“, рече тој денеска.

Шилегов рече дека исто така се докажало и дека партијата е целосно кадровски исцрпена и дека луѓето на кои им значи СДСМ, а се, како што кажа, сериозен фактор во државата, веќе не се таму. Според него, иницијативата за негово исклучување од СДСМ, е донесена спротивно на Статутот на партијата.

„Ако го прочитале Статутот, а таму во Извршниот одбор очигледно нема кој да го прочита, тогаш ќе им биде јасно дека исклучувањето на член на СДСМ го извршува општинската организација каде што припаѓа, во којашто претседателот Филипче првпат влезе кога е избран за претседател”,рече Шилегов.

Тој го повика лидерот на СДСМ да дојде во Општинската организација на партијата во Карпош и таму заедно со членството да разговараат за неговото исклучување, но и за, како што додаде, заминувањето на Филипче.

„Во однос на тоа дека тој завршил со Петре Шилегов, јас нема да дозволам она што го имам направено во својот живот професионално, но уште повеќе политички она што го имам направено за СДСМ и се уште го правам да го валка човек којшто нестатутарно е избран за претседател”,изјави поранешниот градоначалник на Скопје.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Регистрирале луксузно возило со фалц документи- буџетот оштетен за 30 илјади евра
Следна Статија Запален „ренџ роверот“ на градоначалникот Курто Дудуш од Шутка

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

ПОЛИТИКА

Јанкоски: ЛДП бара итна и темелна истрага за нападот на вработената во Меѓуопштинскиот центар за социјална работа во Прилеп

„Либерално-демократската партија (ЛДП) изразува длабока загриженост и го осудува вчерашниот инцидент во Меѓуопштинскиот центар за социјална работа во Прилеп, во…

March 25, 2025
ПОЛИТИКА

Сиљановска Давкова: Изјавата на еврокомесарката Кос звучи како бирократско мешање во внатрешните работи

Претседателката Гордана Сиљановска Давкова денеска од Подгорица, каде е во официјална посета коментирајќи ја вчерашната изјава на новоизбраната еврокомесарка за…

November 28, 2024
ПОЛИТИКА

Манасиевски: Филипче да ги покаже документите за работа со кои ја добил златната виза за Дубаи

Филипче вчера потврди дека Заев гради 42-катница во Дубаи, ама тој не му бил партнер во градбата. Со ова, Филипче…

December 27, 2025
BlogБАЛКАНЗДРАВЈЕМАКЕДОНИЈАПОЛИТИКА

Мицкоски: За 100 дена отплаќаме долг од 2 милијарди денари на Фондот за здравствено осигурување

Денеска на покана на директорот на Фондот за здравствено осигурување сме овде. Можевме да видиме каква е реалната состојба што…

September 26, 2024
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?