Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Шкупи не ги исполнил минималните услови за ВАР-системот, ќе мора да бара алтернативен стадион
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > СПОРТ > Шкупи не ги исполнил минималните услови за ВАР-системот, ќе мора да бара алтернативен стадион
СПОРТ

Шкупи не ги исполнил минималните услови за ВАР-системот, ќе мора да бара алтернативен стадион

Објавено August 6, 2025 14:56
Сподели
Сподели

Македонската прволигашка сцена новата сезона која стартува во петок (8 август) ја почнува и со имплементиран ВАР-систем кој за првпат се воведува во Македонија.

Домашните прволигаши ќе може да играат единствено на стадиони кои ги исполнуваат минималните услови за имплементација на ВАР-системот, а кои им презентирани претходно на клубовите и кои мораа да ги исполнат до стартот на сезоната.

Сепак, претседателот на Фудбалската федерација на Македонија, Масар Омерагиќ, на денешната презентација пред медиумите околу функционирањето на ВАР-системот, откри и дека стадионот на Шкупи во Чаир не ги исполнува минималните услови за ВАР, и покрај тоа што претходно од ФФМ било обезбедено се за негова имплементација.

„Веќе е се подготвено за имплементацијата на ВАР-системот, со тоа што сега се останува на клубовите. Но, Шкупи не го исполни својот дел од обврските, не се поставени платформи за камери и климатизирана просторија, што од поодамна им беше предочено на клубот. Минималните услови не се исполнети, што значи дека нема да добијат дозвола да играат на тој стадион. Ќе мораат да си бараат решение“ – истакна првиот човек на ФФМ.

ФФМ помош околу имплементација на ВАР доби и од Македонски Телеком, па на останатите стадиони се подготвено за старт на ВАР во Македонија.

Шкупи во првото коло од новата сезона во ПМФЛ гостува на Шкендија во Тетово. Но, за следното, второ, коло како домаќин ќе мора да бара алтернативен стадион.

 

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Нови контроли на УЈП: 30 % од контролираните со неправилности, затворени четири субјекти
Следна Статија Сакале да пукаат кон скопјанец, па нападнале полицајци

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

ПОЛИТИКА

Ајде заедно да ја напишеме новата приказна на нашата татковина!, порача Мицкоски од Чаир

Нашата борба не е само за една општина, не е само за еден град. Нашата борба е за секое семејство,…

October 16, 2025
СПОРТ

Рекорд: 83 поени на еден НБА натпревар, еве кој го постигна

Кошаркарот на Мајами хит, Бам Адебајо, ноќеска постигна 83 поени во победата од 150:129 над Вашингтон во регуларната сезона на…

March 11, 2026
СПОРТ

Ракометарите ќе добијат по милион денари за секоја победа на СП!

Mашката репрезентација на Македонија ја одработува втората фаза од подготовките за настапот на СП 2025, а ракометарите и стручниот штаб…

January 6, 2025
СПОРТ

Најголем трансфер во историјата на српскиот фудбал, Арнаутовиќ потпишува за Црвена ѕвезда!

Репрезентативецот на Австрија, Марко Арнаутовиќ, ќе биде нов фудбалер на Црвена ѕвезда и во следните две сезони ќе го носи…

July 19, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?