Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Шолц пред состанокот во Париз повика на европско единство за поддршка на Украина
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > СВЕТ > Шолц пред состанокот во Париз повика на европско единство за поддршка на Украина
СВЕТ

Шолц пред состанокот во Париз повика на европско единство за поддршка на Украина

Објавено February 17, 2025 18:15
Сподели
Сподели

Германскиот канцелар Олаф Шолц ја повика Европа да се обедини за поддршка на официјален Киев, неколку часа пред пристигнувањето во Париз на состанок на европските лидери, на кој ќе биде разгледан заедничкиот став за мировните преговори за Украина, јави ДПА.

На предизборниот митинг во градот Касел во покраината Хесен, централна Германија, Шолц рече дека е важно да се направи се што е можно за да се гарантира дека Европа ќе остане силна и обединета.

Имаме потреба од тоа поради Украина, имаме потреба од тоа за нашата сопствена безбедност“, рече Шолц, чија германска Социјалдемократска партија (СПД) заостанува во анкетите во Германија пред претстојните сојузни избори на 23 февруари.

Францускиот претседател Емануел Макрон го организира состанокот, чија цел е да го претстави европскиот план за акција по неколкудневните хаотични изјави од администрацијата на американскиот претседател Доналд Трамп. На состанокот, исто така, ќе треба да се одлучи како да се одговори на барањето на САД да се разјасни дали лидерите се подготвени да ангажираат војници за мир во случај на прекин на огнот во Украина.

Елисејската палата соопшти дека состанокот е неформален, а на него ќе присуствуваат лидерите на Германија, Велика Британија, Италија, Полска, Шпанија, Холандија и Данска, како и претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен и генералниот секретар на НАТО, Марк Руте.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија „Ќе ти ги убиеме децата“, пишувало во пораката до Вучиќ
Следна Статија На Салах не му се оди од Ливерпул

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

СВЕТ

Што се случи со Србинката Ана Волш, која исчезна лани во САД?

Србинката Ана Волш исчезна на 1 јануари 2023 година во Америка. Откако ја прослави новогодишната ноќ со пријателите, Брајан Волш…

January 1, 2025
СВЕТ

Разбиена терористичка група во Австрија предводена од македонски државјанин

Во австрискиот град Сент Полтен, властите разбија група осомничена за поврзаност со терористичката организација „Исламска држава“ (ИД), предводена од 20-годишен…

October 16, 2024
СВЕТ

Медицинскиот вештак смета дека смртта на мажот во притвор на ICE е убиство

Сосредник тврди дека бил сведок на душењето на Хералдо Лунас Кампос од страна на чуварите во притворниот центар на ICE…

January 17, 2026
СВЕТ

Рубио пристигна во Будимпешта

Американскиот државен секретар Марко Рубио денеска пристигна во главниот град на Унгарија, Будимпешта. Предвидено е Рубио на утрешната средба со…

February 15, 2026
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?