Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Штипската клиничка болница го распиша огласот за вработување на деветнаесет специјализанти
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > МАКЕДОНИЈА > Штипската клиничка болница го распиша огласот за вработување на деветнаесет специјализанти
МАКЕДОНИЈА

Штипската клиничка болница го распиша огласот за вработување на деветнаесет специјализанти

Објавено April 6, 2025 22:54
Сподели
Сподели

Ќе се вработуват анестезиолози, офталмолози, педијатри, ортопеди, психијатри, радиолози. Штипската Клиничка болница, го распиша огласот за вработување на деветнаесет специјализанти. Огласот ќе трае пет работни денови, а заинтересираните кандидати треба дека имат завршено Медицински факултет, положен Стручен испит и Лиценца за работа издадена од Лекарската комора. Со овој оглас, најголемиот здравствен капацитет во источниот дел на државата, полека ќе го решава недостатокот од кадар, проблем со кој се соочуваше последните неколку години.

„Со овие 19 вработуваања, релативно ќе биде задоволен бројот . Сепак, голем дефицит во болницата имаме од средниот персонал. Имаме голем недостаток од медицински сестри, болничари и хигиеничари„ изјави д-р Владко Захариев, директор на Клиничка болница, Штип.

Во наредниот период се очекува да биде распишан интерен оглас за специјализации на веќе вработените лекари по општа медицина. Дополнително ќе се бара и решение за оние вработени кои се на договор на дело.

„Во моментот под договор на дело имаме 42 вработени. Ја чекаме согласноста за продолжување на тие договори кои се за определено време. Во преговори со Фондот за здравство, да се размислува ако може и ако има средства да трансформираме некој од нив во неопределено. Но, тоа е се во преговори„ изјави д-р Владко Захариев, директор на Клиничка болница, Штип.

Штипската Клиничка болница има потреба од околу 130 лекари, медицински и технички кадар. Најголемиот одлив на кадар во изминатиот период беше во приватните болници и во странство.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија ВМРО ДПМНЕ: Само 18 илјади луѓе сметаат дека Филипче треба да ја води СДС, пораката е јасна, човекот нема кредибилитет и е продолжена рака на Заев
Следна Статија (Видео) Трамп: Не можам да ви кажам што ќе се случи со пазарите, понекогаш треба да пиете лекови

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

МАКЕДОНИЈА

Мицкоски: Економијата е консолидирана, шест квартали по ред имаме реален БДП кој расте

Како Влада веќе шест квартали по ред имаме реален БДП кој расте со 3,5 проценти во просек, истакна премиерот Христијан…

March 5, 2026
МАКЕДОНИЈА

Денеска е Водокрст – строг пост, а треба да ги направите и овие обичаи

На 18 јануари, ден пред празникот на Крштението на Господ Исус Христос во реката Јордан – Богојавление, Црквата се подготвува…

January 18, 2025
МАКЕДОНИЈА

Одбраната со серија забелешки за работата на Обвинителството и правната конструкција на обвинението за „Пулс“

На денешното рочиште за случајот „Пулс“ во Кочани, одбраната на дел од обвинетите изнесе серија забелешки за работата на Обвинителството…

December 11, 2025
МАКЕДОНИЈА

Божиќно послание на г.г. Стефан: Живееме во свет во кој има неправди и беззаконие, да не дозволиме тоа да ни стане прифатливо и вообичаено

Архиепископот Охридски и Македонски, г.г. Стефан заедно со Светиот архиерејски синод на МПЦ-ОА, во пресрет на Рождеството Христово – Божиќ,…

January 5, 2026
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?