Според сеќавањето на Катерина Демерџиева, жителка на с. Баница, тогаш на возраст од 14-15 години, малку фалело за Гоце да ја избегне погибијата во с. Баница. Од она што таа го видела, четниците излегле од куќата околу 10 часот, стигнале до Бакарево гумно, требало да минат уште една полјана и, за жал, тука доаѓа крајот.

Турската војска најпрвин сакала да знае точно во која куќа е Делчев. За да ги заплаши селаните, бил убиен Стојан Попов, раководител на ВМРО во Баница, по што војниците почнале да палат куќа по куќа во селото.

Делчев, заедно со Михаил Чаков (кој преживува и ги зачувува неговите коски), Георги Радев, Димитар Гоштанов (кој загинува со Делчев и е погребан заедно во Баница) и другите ги напуштиле домовите на Георги Трендафилот и Запро Ципарев, каде што биле сместени околу десет часот претпладне.

Нивната намера била да стигнат до горниот крај на селото, до последната плевна на рамницата и оттука да се повлечат кон патот за Фрашани. Групата што ја предводел Делчев излегла на Бакарово гумно и останувало само да се мине една полјана. Сето тоа го гледала Катерина Демерџиева од Баница, која подоцна го раскажала како сеќавање крвавиот настан во нејзиното село. Таа била сведок и на последните минути од животот на Гоце. Кога тој излегол на Бакарево гумно, видел дека од другата страна се појавиле неколку турски војници, кои биле скриени зад нискиот камен ѕид на гумното. Според Демерџиева, Гоце прв стрелал кон војниците, но пред да залегне еден куршум му ги пронижал градите.

Тоа се последните мигови на Гоце. Човекот за кого некои наши историчари сметаат дека митот е создаден отпосле. А еве како тој наводно отпосле создаден мит бил доживуван додека е жив, во записот на Христо Силјанов од Зеленич, на 7 јануари 1902 година:

„7 јануари 1902 година, село Зеленич

Зеленич е прекрасно, големо гурбетчиско село. Атмосферата во куќите е речиси урбана. Многу мажи носат панталони. Специфични, приемчиви, весели луѓе.

Првпат тука го видов Делчев како работи. Тој точно го распоредува своето време – период за работа, за одмор и за спиење. Импресивен е кога работи, се шегува и весел е кога мирува. До пладне испратил разни наредби до соседните села, попладне ги слушна локалните водачи, а за вечерта закажал големо селско собрание.

По убавиот ручек – зеленичани се уметници во готвење – поминавме прекрасни незаборавни минути.

И покрај болките во стомакот што го мачеа, Гоце беше весел и разговорлив. Забавата и сериозноста, невината шега и остриот сарказам се прелеваат кај него природно и непречено, како што утринската белина полека се прелева во светлината на јасен летен ден. Со еден инцидент, една опишана сцена, комична или потресна, тој повикува широк спектар на видови и искуства… Предавства, убиства на опасни шпиони; многубројни потери; надмудрувања со скржавците, кои стојат исправено пред него за сами да си ја определат нивната „доброволна“ помош – илјадници приказни во кои страшното и комичното се преплетуваат и се мешаат во една волшебна слика.

Без да можам да објаснам, веќе почнувам веднаш да ја чувствувам фасцинантната моќ со која оваа личност ги освојува срцата на луѓето. Се обидов да ги скицирам првите впечатоци од тоа во тетратката, но прозата што ја напишав беше бледа. И кога ме виде и ме праша што бележам во тетратката, не можев да оддолеам на искушението и почнав да читам…“

Или за престојот во Гугово, каде што се опишува дека селаните првпат имале можност да го видат „таинствениот човек“ за кого дотогаш само „слушале легенди“, се вели:

„Таа вечер вo Гугoвo имавме селскo сoбрание вo црквата. Двата гoлеми свеќници и кандилото пред распетието горат. Гoце застанал пред владичкиот трон. Ние сме се наредиле под него, свртени со лицето кон насобраниoт нарoд. Загледани во таинствениот човек, за кого слушале легенди, тие со напрегнато молчење чекаат тоj да отвори уста. И со првиот збор “Браќа!” коj што тоj гo изгoвараше сo освојувачка, самo нему свojствена насмевка, самo сo тoj збoр тие се веќе зарoбени oд негoвата чар. Гласoт на прoпoведникoт удира вo цркoвните ѕидoви и се враќа правo вo срцата. Тoа ехo гo чувствувам вo срцетo и jас за кoгo не се oднесува прoпoведта. Тoа се изразува пo лицата на селаните, кoи изгледаат какo oзарени oд бoжjo oткрoвение. Настапува наjсвечениoт мoмент. Некoгашниoт арамиjа дедo Андре зеде вo рацете икoна. Маркo ги вкрстува пушката и нoжoт. Непoдвижен и кoнцентриран, тoj вo тoj миг е вдахнoвен жрец – некакoв нoв крстител, дojден да ги запoзнае луѓетo сo таjните на наjвистинската, наjвoзвишената вера. Oткакo jа кажуваат клетвата, пoкрстените пристапуваат еден пo еден и ja целуваат, првo, икoната, а пoтoа и пушката и нoжoт“.