Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Шукова ветува фонд за лица во ризик за здравствена и социјална поддршка
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > ПОЛИТИКА > Шукова ветува фонд за лица во ризик за здравствена и социјална поддршка
ПОЛИТИКА

Шукова ветува фонд за лица во ризик за здравствена и социјална поддршка

Објавено October 12, 2025 13:04
Сподели
Сподели

Поставување нов систем на дневни центри и прифатилишта за жени жртви на насилство, нови сервиси за семејствата и парамедик служба која ќе им помогне на најранливите во нивните домови планира Каја Шукова, кандидат за градоначалник на Град Скопје од Социјалдемократскиот сојуз на Македонија (СДСМ).

Во изјава за медиумите денеска таа кажа дека ќе биде основан фонд за лица во ризик со што ќе биде обезбедена здравствена и социјална поддршка во градот, а јавниот простор и транспорт, рече, ќе биде пристапен за лицата со попреченост.

 

-Градиме центри за дневна грижа за старите лица, отвораме мултисензорски соби во училиштата за децата со пречки во развојот и воспоставуваме програми за обука и вработување на ранливи групи. Нашата цел е јасна – Скопје да стане град на еднаквоста, поддршка и човечка солидарност. Имаме план, имаме решение и знаеме како да го спроведеме сето тоа, затоа што секој човек заслужува достоинствен живот во својот град, истакна Шукова.

Посочи дека во главниот град има луѓе кои живеат незабележани, стари лица кои се сами, жени кои трпат семејно насилство, деца со попреченост кои немаат соодветна поддршка.

-Тоа не смее да биде градската реалност. Имаме јасен план како да создадеме град кој се грижи, град во кој социјалните услуги се достапни, човечки и блиски до секого, додаде кандидатката на СДСМ за градоначалник на Скопје.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Една објава на Трамп избриша две илјади милијарди долари пазарна вредност од берзите
Следна Статија ВИДЕО: Рубен Невеш го посвети голот на трагично загинатиот пријател Диого Жота

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

ПОЛИТИКА

СДСМ: Бараме оставка од Љутков за хаосот во културата

СДСМ најостро реагира на катастрофалното раководење со културата од страна на министерот Зоран Љутков, кој остави над 3.000 културни работници…

April 21, 2025
ПОЛИТИКА

Ахмети на кафе во Приштина

Лидерот на Демократската унија за интеграција, Али Ахмети на кафе во Приштина, објави на социјалната мрежа на Фејсбук Исмет Сулејмани.…

December 17, 2024
ПОЛИТИКА

Савески: Предметот „Мазут“ е во Вишото јавно обвинителство

Јавниот обвинител Ненад Савески изјави дека останува на принципиелниот став да не коментира политички изјави, но нагласи дека комуникацијата со…

June 11, 2026
ПОЛИТИКА

Партијата на пензионерите излегува од коалицијата со СДСМ, на Локални ќе оди со ВМРО-ДПМНЕ

Партијата на пензионери излегува од коалиција со СДСМ и на наредните Локални избори ќе бидат во коалиција со ВМРО-ДПМНЕ. Како…

June 29, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?