Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Шукова: За 15 месеци, 15 нови паркови во Скопје
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > ПОЛИТИКА > Шукова: За 15 месеци, 15 нови паркови во Скопје
ПОЛИТИКА

Шукова: За 15 месеци, 15 нови паркови во Скопје

Објавено October 1, 2025 17:19
Сподели
Сподели

Кандидатката за градоначалник на Град Скопје од редовите на СДСМ, Каја Шукова, денеска беше во посета на Општина Аеродром каде зборуваше за неисполнетите ветувања за изградба на парк, но и ја најави својата визија за позелено и поурбано Скопје.

„Денеска се наоѓаме на локација каде што требаше да никне ултрамодерен парк. За жал, и по четири години, оваа површина остана необработена. Аеродром, некогаш една од најзелените општини во Скопје, денес е во запуштена состојба“, изјави Шукова.

Таа нагласи дека запоставеност на зеленилото не е само локален проблем на Аеродром, туку за жал, опфаќа голем дел од скопските општини.

„Мојата визија е Скопје што позелено, но и со одржување не само со градење на нови паркови кои потоа ќе бидат оставени на забот на времето. Затоа во мојата програма предвидуваме изградба на 15 нови паркови за 15 месеци, но и сериозна рехабилитација на постојните зелени површини“, потенцираше Шукова.

Парковите, како што најави, нема да се градат исклучиво во центарот, туку и во урбаните населби и периферијата таму каде што најмногу недостига зеленило.

„Имаме мапирање на 15 локации дел ќе бидат нови паркови, дел целосно ќе се ревитализираат. Најмногу ќе се фокусираме таму каде што урбанизацијата е најголема и каде што зеленилото најмногу фали“, додаде таа.

Шукова нагласи и дека унапредувањето на зелената инфраструктура е директно поврзано со намалување на загадувањето.

„Знаеме дека Скопје е меѓу најзагадените градови во Европа. Зелените површини се природен филтер за ПМ-честичките и мора да станат приоритет. Парковите не се луксуз тие се неопходност за здравје и квалитет на живот“, рече таа.

Во програмата на Шукова се предвидени и мерки за поддршка на домаќинствата во борбата против аерозагадувањето, вклучително и бесплатни филтри за оџаци.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Ѓорѓиевски: Нов кружен тек, нов мост и други инфраструктурни проекти ќе добие општина Аеродром
Следна Статија Македонците потрошиле 456 милиони евра на онлајн купување

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

ПОЛИТИКА

Орце Ѓорѓиевски најави голема генералка за почисто Скопје

Кандидатот на градоначалник на Град Скопје од ВМРО-ДПМНЕ Орце Ѓорѓиевски најави голема генерална на главниот град доколку на локалните избори…

July 29, 2025
ПОЛИТИКА

Димитриевски: До 15 август ќе се знаат деталите за коалицирање со ВМРО-ДПМНЕ

Претседателот на Движењето ЗНАМ за наша Македонија и градоначалник на општина Куманово, Максим Димитриевски, денеска информираше дека по 15 август…

August 1, 2025
ПОЛИТИКА

Грција бара од Владата да го користи уставното име

Поддршката од Грција за европскиот пат на Северна Македонија останува силна, но придружена со порака за целосна имплементација на Преспанскиот…

July 23, 2025
BlogЕКОНОМИЈАМАКЕДОНИЈАПОЛИТИКА

Арсовска не ги ферма советниците, повторно не се појави на советнички прашања

Градоначалничката на Град Скопје, Данела Арсовска повторно не се појави на седницата на Советот каде што советниците требаа да и…

September 26, 2024
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?